Новата моделска изведба на луксузниот родстер Mercedes-AMG SL има половина од бројот на цилиндри во SL 55 и SL 63, но е сосем достојна за големото име на моделската серија на којашто ѝ припаѓа, затоа што донесува нова технологија. Тоа е воедно и моделската серија што е дизајнирана од македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz, Славче Таневски.
Двете први моделски изведби на Mercedes-AMG SL се веќе и во македонскиот ценовник, а сега им се придружува третата изведба, што го заокружува влезот во моделската серија. По SL 55 и SL 63 пристига SL 43, без погон на сите тркала, со четирицилиндарец место битурбо V8, но и со електричен турбокомпресор. Тоа е првпат оваа технологија на натполнење да се применува во сериски автомобил.
Технологијата потекнува од Формула 1, односно произлегува директно од системот што Mercedes-AMG Petronas F1 Team со години го користи во кралицата на мотоспортот. Предноста е во тоа што електромоторот се грижи притисокот на натполнење да достигне висока вредност далеку порано од обичниот турбополнач – кусо, нема турбо-дупка. Моторот повлекува моќно и рамномерно во целото подрачје на вртежи. Тоа обезбедува подинамично чувство возењето, а воедно се намалува и потрошувачката.
Турбополначот добива струја од 48-волтната мрежа, којашто го снабдува и стартер-генераторот. Моќноста изнесува 381 КС при 6.750/min, вртежниот момент доаѓа до 480 Nm од 3.250 до 5.000/min. Во одредени ситуации следи краткотраен буст од стартер-генераторот, кој произведува до 10 KW (14 КС).
https://photos.app.goo.gl/PjmXvSViQtGmVa6M7
Во 1970-те години, Mercedes-Benz SL прерасна од модел со тркачки корени во модел со тешка луксузна ориентација. Тоа секако е еден од најценетите модели во автомобилската историја. Штутгарт во новото издание на SL реши да го врати мотоспортот, динамиката. SL повеќе не е Mercedes-Benz, туку е Mercedes-AMG, значи и тоа укажува на промената во идеологијата.
Електричниот турбокомпресор го надминува класичниот конфликт: Мал турбополнач реагира брзо и при ниски вртежи, но не може да произведе посебно висок притисок на натполнење, додека од друга страна, голем полнач може да напумпа голем притисок, но затоа е потребно и моторот добро да се „заврти“, за да се задвижи турбината.
https://photos.app.goo.gl/X2XxPpgBxfsZmTfE8
Лесниот четирицилиндарец врз носот во SL 43 ќе донесе и многу полесна управливост и соодветно поагилни возни својства во споредба со моделите SL 55 и SL 63.
Како што историјата го помни 300 SL Gull Wing (оригинално Flügeltürer, со крилести врати) како прв сериски автомобил со директно впрскување бензин, така новиот Mercedes-AMG SL 43 е прв сериски автомобил со електричен турбополнач.
Како дејствува електричниот турбополнач во Mercedes-AMG SL 43
Директно на вратилото на турбополначот, меѓу турбината на страната на којашто се доведуваат издувните гасови и меѓу компресорот на страната од којашто се вовлекува свеж воздух, вграден е електромотор со дебелина од само 4 сантиметри. Преку електронска контрола, тој директно го задвижува вратилото на турбополначот и на тој начин го забрзува компресорот, уште пред струите од издувни гасови да го преземат погонот на вообичаениот начин.
https://photos.app.goo.gl/tcWnjc3GYSLkQXdeA
Моторот M139 реагира побрзо и се добива подинамичен впечаток. Покрај тоа се постигнува и повисок вртежен момент при ниски вртежи. Кога возачот ќе го отпушти гасот, технологијата на електричниот турбополнач е во состојба да го одржува притисокот на натполнење на исто ниво, за на тој начин да се добие постојана и директна реакција.
Напојуван преку 48-волтната мрежа, тубополначот работи до 170.000 вртежи во минута, што гарантира мошне висок проток на воздух.
Acudimos a la presentación estática del nuevo Mercedes SL y somos los primeros en conocer la nueva versión SL 43 con motor de cuatro cilindros.
No te pierdas nuestras primeras impresiones#Mercedes @MBenzEspana #MercedesSL @MercedesAMGhttps://t.co/uZQ1HNPESL pic.twitter.com/zHSkeSIQUf
— Motor.es (@motorpuntoes) April 5, 2022
Различно од AMG A 35/45/45S, моторот во SL 43 е вграден надолжно и првпат е комбиниран со менувач AMG SPEEDSHIFT MCT 9G со двојна спојка.
Спринтот на SL 43 трае 4,9 секунди до темпо 100 km/h, највисоката брзина изнесува 275 km/h.
Разликите во дизајнот со осумцилиндарските модели се во предниот и задниот браник, како и во тркалезниот, место правоаголен профил на издувните цевки.
https://photos.app.goo.gl/TzHGP5AUZJykFWmt5
https://photos.app.goo.gl/PY8htCTxu1QtVYSo6
https://photos.app.goo.gl/SNQq1UWRGxwaQbrD9
https://photos.app.goo.gl/Aqi1eK6SEM8iJEodA
https://photos.app.goo.gl/7tcRvbkUhq7mUefW7
https://photos.app.goo.gl/wP27gHFV6hjiUu2j6
Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“
















