Fiat во Велика Британија склучи партнерство со компанијата Kiri Technologies, за возачките и возачите на Fiat 500 electric да добиваат награда во криптовалута за штедливото возење.
Со користење на функцијата eco:Score во својот електричен Fiat 500, возачите добиваат награда во криптовалута, којашто потоа можат да ја претворат во ваучери за Amazon, Apple, Netflix и Spotify. Преку партнерство со Airbnb ќе се заработуваат KiriCoins и при викенд тури до најпосетените туристички одредишта во Европа, како Лондон, Милано, Мадрид или Париз.
При годишен просек од 10.000 километри, возачите на Fiat 500 можат да сметаат на награда во висина до 125 фунти во KiriCoins, што одговара на 12 месечна претплата на Spotify или 18 месеци претплата на Netflix.
Fiat 500 Electric поседува функција eco:Score којашто го оценува штедливото возење од 0 до 100 – колку е повисок степенот на ефикасност во возењето, толку повеќе се заработуваат KiriCoins и награди.
Софтверот собира податоци од возењето, како брзина и растојание, коишто потоа ги пренесува во податочниот облак на Kiri. Корисниците потоа ги преземаат овие токени во своите телефони, што можат да ги користат за купување производи и за услуги од продавницата на Kiri.
The story of electrification starts in Italy thanks to Alessandro Volta. And in Italy, it goes on with the New 500 icon.#AlessandroVolta #Birthday #electrification #New500 pic.twitter.com/f6hUGVJsFU
— Fiat (@fiat) February 18, 2022
















