Четврта година во низа, Volvo негува партнерство со француската куќа на луксузот Hermes во традиционалниот настан Saut Hermes, што се одржува во Grand Palais Ephémère во Париз.
Шведскиот производител на премиум автомобили го снабди престижниот настан со возен парк од 11 возила со приклучен хибриден погон и со два автомобили со 100% електричен погон. Возилата се користеа при местењето на пречките на патеката.
Настанот што е забележан во светски рамки отсуствуваше две години, поради здравствената ситуација. Saut Hermès, во срцето на Париз, привлекува учество на најдобрите јавачи во светот, како и на младата генерација јавачи, на возраст под 25 години, во меѓународен натпревар во коњички скокови CSI 5*.
„Настанот што е синоним за елеганција, прогрес и култура на квалитет, зрачи со сопствени вредности“, изјави Ив Паскве-Десвинес, претседател на Volvo Car France. Годинава првпат се користеа модели со 100% електричен погон, чиешто отсуство на штетна емисија секако дека е важно за настанот што се одржува во затворена хала.
https://photos.app.goo.gl/tn3o4Vf5KwiN9j9Y9
Возилата со приклучен хибриден погон исто така не испуштаат ниту грам СО2, затоа што батеријата располага со доволен досег да се покрие настанот. Двата електрични автомобили беа од моделот C40 Recharge Twin Pure Electric. Тоа е новиот кросовер на Швеѓаните, конструиран врз истата основа со XC40. Во верзијата со погон на сите тркала, C40 може да влече приколка тешка до 1,8 тон, што секако дека е важен податок за сопствениците на тркачки и расни коњи.
Останатите модели беа XC60, светски бестселер на марката, комбито V60 и лимузината S60. Најпрестижната гама 90 ја претставуваше XC90, што беше изложен покрај теренот.
https://photos.app.goo.gl/ScMuK3q2jBmF43YC8
Сите овие модели сега се достапни со нова генерација приклучен хибриден погон, со електромотор со моќност од 107 kW (145 КС) и нова батерија од 18,8 kWh. Овие модели се меѓу водечките во поглед на досегот при погон на струја.
Со изборот на приклучни хибридни и чисто електрични возила за Saut Hermes, шведската марка уште еднаш потсети дека по 2030 година ќе произведува единствено електрични возила.
Третина од продажбата на Volvo се електрични и хибридни автомобили
















