Корпорацијата Kia постигна продажба од 250.646 возила на светскиот пазар во март, што претставува намалување од 0,9 процент во споредба со лани. Продажбата надвор од Кореја, постигнала раст од 1,8 проценти, со вкупно 205.580 возила.
Во минатиот месец, Kia имаше позитивен тренд во деловното работење на голем број клучни пазари ширум светот, вклучувајќи ги Европа, Азија и Пацификот и Индија. По генерациската смена на Sportage остана местото на СУВ-моделот како најпродаван модел на корејската марка. Во март од Kia Sportage биле продадени вкупно 36.154 примероци.
На корејскиот пазар се пласирани 45.066 нови автомобили од марката Kia, намалување од 11,7 проценти во споредба со март лани. СУВ-моделите ја предводат силната продажба на Kia на домашниот пазар. Луксузниот Sorento таму се продава дури и подобро од семејниот Sportage, со 5.435 примероци, наспроти 4.919 примероци.
На пазарите надвор од Кореја, првите места во продажбата им припаѓаат на Sportage и на Seltos, кои соодветно се продадоа во 31.235 и 22.221 примероци. Трет е градскиот шампион со манири на голем автомобил Picanto, познат на некои пазари како Kia Morning, со 16.596 примероци.
Kia најавува дека ќе продолжи да ја приспособува продукцијата соодветно на испораките од компоненти од добавувачите, што првенствено се однесува на чиповите, коишто се дефицитарни во целата бранша. На тој начин ќе се одржува постојаност во производствениот обем, без прекини во производството.
Март беше трофеен месец за електричната Kia EV6, со титулата на Европски автомобил за 2022 година. Тоа е прв модел што ѝ ја донесува престижната титула на Kia. Според менаџерите на марката, овој успех претставува доказ дека сцената го потврдува преоѓањето на Kia во понудувач на сите видови на услуги за мобилност, што се одржливи во поглед на животната средина.
Март ‘22 |
% (’21) |
Фев. ‘22 |
Вкупно 2022 |
% (’21) |
|
Кореја | 45,066 | -11.7% | 39,560 | 121,664 | -6.5% |
Извоз | 205,580 | 1.8% | 181,912 | 563,694 | 0.7% |
Вкупно | 250,646 | -0.9% | 221,472 | 685,358 | -0.7% |