за

Peugeot не продава во САД, но затоа царува во Мексико

Извесен период по формирањето на концернот Stelllantis, со Pegeot и Fiat како главни носители на бизнисот, се спомнуваше враќање на француската марка во САД.

Тоа е џентлменски договор во рамките на концернот, Peugeot да не се продава на пазарот во САД, затоа што неговото присуство може да влијае поразително врз продажбите на Alfa Romeo, Fiat, можеби во одредена мера и на Jeep. Пазарните бројки од Мексико, којшто е релативно мал пазар за концернот, убаво ги прикажуваат соодносите меѓу марките од другата страна на големата бара.

Концернот Stellantis во февруари продал вкупно 3.647 возила на пазарот во Мексико. Главните протагонисти во пазарната трка во вториот месец од годината биле Dodge Journey, со најдобра февруарска продажба во историјата, а истиот успех го ужива и 

Fiat Ducato. Jeep Compass го надминал рекордот по февруари 2015. Тоа што докажува дека Peugeot во моментов е „најпозитивната“ марка во концернот: Peugeot 208 ја зголемил продажбата за 50% во споредба со истиот месец лани.

Најмногу продажби за концернот во Мексико постигнува марката RAM, со своите пикапи. По марки, февруарските бројки и статистики изгледаат вака:

Alfa Romeo

Alfa Romeo продал 8 возила.

Chrysler

Chrysler продал 9 возила.

Dodge

Dodge постигнал 969 продажби, за 54% повеќе во споредба со февруари 2021. Dodge Journey имал историски рекорден февруари, Dodge Durango постигнал раст од 179% во споредба со лани.

FIAT

FIAT продал 138 возила. Fiat Ducato има историски најдобар февруари. Fiat Argo постигнал 91 продажби.

Jeep

Jeep има продадено 801 возило. Jeep Compass имал најдобар февруари по 2015. Jeep Wrangler се продал во 239 примероци. Jeep JT и Jeep Grand Cherokee соодветно постигнале 126, односно 103 продажби.

Peugeot

Peugeot во февруари има постигнато 562 продажби. Peugeot 208 напредувал за 50% во споредба со 2021. Peugeot 3008 има 142 продажби, додека Peugeot Partner следи со 137 примероци.

RAM

Шампионот RAM продал 1.160 возила. Ram 4000 имал најдобар февруари по 2012 година. Ram Light Duty напредувал 20% во споредба со лани. Ram Heavy Duty се продал во 38 примероци.

Впечатливи мотиви што се користат во кампањите на Peugeot во Мексико

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Lotus Eletre: СУВ, електричен, од Кина

Kia во март ја зголеми продажбата, вкупно 205.580 возила за извоз