Peugeot 208 и 308 победија во избор за најдобро возило за фирма

Peugeot и годинава ја продолжува победничката низа во изборот за најдобри автомобили за компании со големи возни паркови. Победници се новиот 308 и бестселерот 208, соодветнио со титули на „Најдобар модел од ниска средна класа“ и „Најдобар градски автомобил“.

Ова е втора победа на Peugeot 208 и освојување на титулата на „Best Small Car“ во изборот. Како еден од двата модели во класата што се достапни во изведба со погон чисто на струја, 208 го убеди жирито со практичноста, достапноста и ниските работни трошоци. Секако дека изгледот и богата опременост не минаа незабележано.

Новиот Peugeot 308 победи во категоријата на „Best Lower Medium Car“, благодарение на високата технологија во внатрешноста, одличниот инфо-забавен систем и општо со дизајнот и стилот. Двата модели освоија бодови од жирито со единствениот пристап во ергономијата, со PEUGEOT i-Cockpit. Малиот волан со зарамнет горен и долен дел, заедно со високо и далеку напред поставени инструменти, веќе со генерации се меѓу заштитните обележја на француската марка.

Peugeot 208 се нуди со избор од штедливи дизел и бензински мотори, и како 100% електричен e-208, со батерија од 50 kWh и електромотор со моќност од 100 kW (136 КС). Со досег од преку 360 километри и полнење на батеријата од 0 до 80% за само 30 минути, електричниот градски автомобил одговара за возни паркови и како службено возило.

Новиот Peugeot 308 уште од старт е достапен во изведби со приклучен хибриден погон, покрај одликуваните бензински и дизел мотори. Електрична изведба пристига в година, што понатаму ќе води кон целта, Peugeot да стане целосно електрична марка до 2030 година. За двата модели, на големиот и за марката традиционален британски пазар се достапни и посебни финансиски модели, под името Benefit-in-Kind, за компании.

Жирито  коментира, „208 е заслужен победник втора година во низа, тој е забавен, привлечен, и што е најважно, финансиски е исплатлив за приватни и деловни корисници. 308 е исклучителен автомобил во својата категорија. Стилски и со премиум печат, со одлични хибриди и со опции, 308 исто така причинува задоволство во возењето и располага со најнова технологија. Тој навистина ги поместува мерилата“.

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Претходна објаваЗошто суперспортските автомобили имаат пошироки гуми назад?
Следна објаваТрадиција на добар дизајн: EV6 ѝ донесе уште еден Red Dot на Kia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here