Ф1-тимот на Mercedes-AMG ќе има фитнес во спиење

Меѓу сите добавувачи на врвна и баснословно скапа технологија за тимот во формула 1 на Mercedes-AMG Petronas, се најде и производител на душеци, но не какви било, туку душеци со вградена техологија за делотворноста на ноќната починка да биде максимална.

Првата компанија за таканаречен фитнес во спиење, Eight Sleep, се наоѓа на списокот на официјални добавувачи на Mercedes-AMG Petronas F1 Team. Улогата на њујоршката компанија ќе биде подготовка на тимот за напорната сезона во формула 1. Возачите на тимот, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, како и шефот на тимот и директор Тото Волф, ќе ги користат производите на Eight Sleep, за да добијат максимално закрепнувачки ефект од ноќната починка. Договорот важи и за следната сезона.

Секако дека подготвеноста на возачите е исто толку клучна за успех во мотоспортот, како и во сé останато, колку што е самата техника во болидите. Повеќе од 200 професионални спортисти користат производи на Eight Sleep, коишто преку напредна терморегулација и преку технологијата на спиење наречена Pod Pro помагаат спортистите да се разбудат наутро одморни и орни.

На болидот Mercedes-AMG F1 W13 E Performance за сезоната 2022 ќе се наоѓа реклама на Eight Sleep.

За да постигнеме ниво на одржливи перформанси во формула 1, што е неопходно за да се биде конкурентен, неуморно ги истражуваме сите можни подобрувања, вклучувајќи го спиењето.

Тото Волф, шеф на Mercedes-AMG Petronas F1 Team

Основач на Eight Sleep е Матео Франкешети, родум Италијанец, чијшто почеток во деловните води било фотографирање тркачки автомобили на локалните патеки. Заедно со својот татко, Матео учествувал на автомобилски трки.

Eight Sleep користи терморегулација, податоци и технологија, за човек наутро да се разбуди со максимално енергетско ниво. Fast Company ги вброи меѓу „најиновативните компании во 2022 година“, а исто и во 2018 година. Две години по ред, Time ги вбројува меѓу „најдобрите изуми на годината“.

Тоа е најбрзиот Mercedes: Едносед W13, троши 100 на час

Претходна објаваBosch го подзапира бизнисот во Русија, делови се користеле во борбени возила
Следна објаваToyota користи три видови горива на трките во Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here