Најголемиот добавувач на автомобилската индустрија Bosch, драстично ги ограничи своите активности во Русија. Запрени се бројни погони, но се прекинати и испораките во земјата. Трговијата со резервни делови е целосно запрена.
Германскиот концерн повеќе не испорачува делови за товарни возила во Русија. Не им се испорачува ниту на компаниите што имаат деловни врски со руски партнери. Овие чекори се преземени откако беа пронајдени докази дека делови на Bosch се вградувале во воени возила. По приклучувањето на Крим кон Русија во 2014 година, постои најстрога контрола врз извозот на делови што имаат т.н. дуална примена, односно делови што може да се користат и во воена и во цивилна примена.
Од Bosch во почетокот на неделава го демантираа тврдењето на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој обвинуваше дека Bosch испорачува компоненти за руските борбени возила. Според соопштението од компанијата, Bosch не му ја испорачал наведената компонента на производителот на борбените возила. Сепак е недвојбено дека станува збор за компонента што е произведена од Bosch.
Започната е истрага којашто ќе утврди како деловите на Bosch доспеале во борбените возила на руската армија во Украина
Освен компоненти за автомобилската индустрија, Bosch во Русија произведува и уреди за домаќинство, електрични алати, како и индустриска техника и опрема за згради. Компанијата има неколку фабрики во Русија, меѓу другото во Санкт Петерсбург и во Москва.
Auto parts maker Bosch is curtailing its operations in Russia amid signs that some of its truck parts may have been used for “non-civilian” purposes in violation of its policies https://t.co/PIVdbDtEpQ
— Bloomberg (@business) March 18, 2022
Според германски медиуми, Сојузното министерство за финансии започнало истрага против технолошкиот концерн Bosch. Во рамки на истрагата ќе се проверува дали компанијата ја прекршила забраната за извоз на производи, коишто можат да се користат и за цивилна и за воена намена. Постојат гласини дека и делови на добавувачот ZF се вградувани во руската воена техника.
Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина
















