Тоа е најбрзиот Mercedes: Едносед W13, троши 100 на час

Со влегувањето во новата ера во Формула 1, тимот на Mercedes-AMG Petronas денес го претстави своето ново тркачко возило за сезоната 2022, тоа е Mercedes-AMG F1 W13 E Performance.

Во работилниците во Бракли и Бриксфорт се работеше напорно во изминатава година и пол, поради најкрупните промени во техничките правилници што се имаат случено при преоѓање во новата генерација болиди во Формула 1. Конечниот резултат по 18 месеци напорна работа е W13, автомобил што е нов во 98 проценти.

Едноседот е развиен комплетно нов, со само неколку делови што се преземени од претходниот болид. Во кокпитот ќе биде задолжено новото возачко дуо: Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, и Џорџ Расел, кој по завршувањето на јуниор-програмата првпат ќе вози цела сезона за тимот, на местото на Валтери Ботас.

Во продолжение тоа што многумина сакаат да го дознаат, техничките податоци за едноседот на Mercedes-AMG за сезоната 2022:

https://photos.app.goo.gl/MZivpn3rRF4e8pgE8

Mercedes-AMG F1 W13 E Performance – Технички податоци

ШАСИЈА

Конструкција: Карбон и композитна саќеста структура

Каросерија: Карбон, вклучувајќи го поклопецот на моторот, страничните боксови, подот, носот, предниот спојлер и задниот спојлер

Кокпит: Отстранливо возачко седиште од анатомски обликуван карбон, безбедносен ремен со шест точки, HANS-систем

Безбедносни структури: Заштитна ќелија на кокпит со заштита од челен судир и заштита од влетување предмети, предна структура за гмечење при судир, пропишани странични структури за заштита, интегрирана задна структура, заштитен лак напред и назад, заштитен уред од титан за возач (Halo)

Водење на предни тркала: Попречни водилки од карбон, торзиски пружини (pushrod) и клацкалка

Водење на задни тркала: Попречни водилки од карбон, внатрешно поставени пружини и амортизери

Тркала: BBS од кован магнезиум, 18 инчи (претходно 13 инчи)

Гуми: Pirelli

Сопирачки : Carbone Industries Карбон / Карфбон сопирачки дискови и облоги со „brake-by-wire“ (назад)  

Сопирачки клешти: Brembo

Управување: Запчеста летва со серво поддршка и преносен механизам

Управувач: Карбонска конструкција

Електроника: ECU според стандарди на FIA, електронски систем и електрика со хомологација во FIA

Опрема: McLaren Electronic Systems (MES)

Систем за напојување со бензин: ATL со гумен мев зајакнат со кевлар 

Масти и масла: PETRONAS Tutela

ПРЕНОС НА СИЛА

Менувачка кутија: Осум степени, рикверц, куќиште на менувач од карбон

Менувач: Секвенцијален полуавтоматик со хидраулично активирање

Спојка: Карбонска ламела

ДИМЕНЗИИ

Вкупна должина: над 5.000 mm

Вкупна ширина: 2.000 mm

Вкупна висина: 970 mm

Вкупна тежина: 795 kg

ПОГОНСКА ЕДИНИЦА

Тип: Mercedes-AMG F1 M13 E Performance

Најниска дозволена тежина: 150 kg

Остав на погонската единица: Мотор со внатрешно согорување (ICE)

Единица мотор-генератор, кинетичка (MGU-K)

Единица мотор-генератор, топлина (MGU-H)

Турбополнач (TC)

Батерија (ES)

Контролна електроника (CE)

Број на единици: Три ICE, TC, MGU-K & MGU-H по возач во сезона

Две ES & CE по возач во сезона

МОТОР СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ (ICE)

Работна зафатнина: 1,6 литар

Цилиндри: Шест (V6)

Агол меѓу двата реда цилиндри: 90 степени

Број на вентили: 24

Највисок број на вртежи: 15.000 U/Min

Највисок проток на бензин: 100 kg/час (над 10.500 врт./Min.)

Доток на бензин: Директно впрскување под висок притисок (max. 500 bar, една прскалка по цилиндар)

Натполнење: единечен компресор и турбина на заедничко вратило

Највисок број на вртежи на турбина: 125.000 врт./Min.

ПОВРАТОК НА ЕНЕРГИЈА (ERS)

Конструкција: Интегриран хибрид со повраток на енергија преку електрична единица мотор генератор

Батерија: Литиум јон батерија со најмалку 20 kg (пропис)

Максимално складирање енергија по круг: 4 MJ

Највисок број на вртежи на MGU-K: 50.000 врт./Min.

Највисока моќност на MGU-K: 120 kW (161 КС)

Највисок повраток на енергија по круг за MGU-K: 2 MJ

Најголемо оддавање енергија по круг за MGU-K: 4 MJ (33,3 Sek. при целосна моќност)

Највисок број на вртежи за MGU-H: 125.000 врт./Min

Највисока моќност за MGU-H: неограничена

Највисок повраток на енергија по круг за MGU-H: неограничен

Најголемо оддавање енергија по круг за MGU-H: неограничено

Бензин & средства за подмачкување 

Гориво: PETRONAS Primax (Е10, удел 10% етанол)

Средства за подмачкување: PETRONAS Syntium

https://photos.app.goo.gl/eoYgvCPuKBASmxTy9

https://photos.app.goo.gl/gDvTTRdYiUvsnq6p7

https://photos.app.goo.gl/xcwRcTga8z3ETqPy9

https://photos.app.goo.gl/Rz7cJPm7aJ2qAM7w5

Претходна објаваМаки со субвенциите во Германија: Ги продаваат колите поскапо во странство
Следна објаваВозачите на Kia имаат најмалку проблеми со возилото, открива JD Power

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here