Peugeot првпат достапен во Пакистан, наскоро и локална монтажа на возила

Пакистанската корпорација Lucky Motor е задолжена за продажбата и сервисирањето на возилата од марката Peugeot во големата држава во јужна Азија. Во погоните во Карачи наскоро ќе започне и монтажа на Peugeot 2008 од полуготови модули.

Првпат во историјата на француската марка, Peugeot официјално е присутен во Пакистан. Партнер на марката со лавот е корпорацијата Lucky Motor. Прв чекор од соработката ќе биде почеток на продажба на Peugeot 2008 од локално производство. За понатаму се размислува за производство и на целосно електричната изведба e-2008. Peugeot ќе биде прва европска марка што се произведува во Пакистан.

Во оваа фаза од соработката се отворени осум дилерства 3S (Sales, After Sales, Services) во шест градови: Исламабад, Лахор, Фаисалабад, Сиалкот и Гујранвала. Идната монтажа на Peugeot 2008 од полуготови модули ќе се врши во технолошки напреден индустриски капацитет во Карачи.

Корпорацијата Lucky Motor е огранок на групацијата Yunus Brothers, со петдецениска историја. Групацијата е мошне успешна со продажбата на возила од марката Kia на пакистанскиот автомобилски пазар.

Линда Џексон, извршната директорка на марката Peugeot, изјави по тој повод: „Почестени сме со ова партнерство. Тоа ќе биде првпат европски автомобил да се произведува во Пакистан и се радуваме на соработката со Lucky Motors, подржувајќи ги вработувањето, локализацијата и локалната автомобилска индустрија во земјата. Интернационализацијата е клучна цел на Peugeot, со раст во продажбата на СУВ-возила од Б и Ц сегментот во Пакистан, што ни нуди голема можност.“

Директорката Џексон посочи и на новите законски рамки во земјата, со коишто се поддржува преоѓањето во насока на електромобилноста. Тоа исто така е во согласност со стратегијата на марката Peugeot.

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

Претходна објаваKia доаѓа со мобилен полнач до возачите на електричен автомобил
Следна објаваИрачки министер загрижен оти светот може да навали по електрични автомобили