Полскиот производител Solaris Bus & Coach склучи нов договор со австриската компанија за автобуски превоз Postbus AG. Договорот вклучува 106 електрични и водородни автобуси. Првите возила пристигаат уште годинава.
Најголемиот автобуски превозник во Австрија ќе вклучи 106 автобуси Solaris со погон на струја и на водород во својот возен парк. Испораките ќе се вршат постепено до 2025 година, со можност договорот да се продолжи до 2028 година. Нарачката се однесува на 24 нови електрични автобуси Urbino 9 LE electric и 82 автобуси Urbino 12 hydrogen, што користат водород како погонско гориво.
Посебно внимание привлекуваат автобусите со погон на водород, ултимативната погонска технологија што досега е влезена во сериско производство. Полскиот производител Solaris, дел од шпанската групација CAF, очекува дека нивните автобуси ќе наидуваат на сé поголем интерес меѓу компаниите, затоа што луѓето сакаат да патуваат во тивки автобуси, што не испуштаат штетни материи.
Австрискиот Postbus AG лани го потпиша првиот договор со Solaris, за испорака на 40 автобуси Solaris Urbino 12 hydrogen, со погон на водород
Електричната енергија за погон на автобусите доаѓа од горивни ќелии со моќност од 70 kW. Во горивните ќелии се случува хемиска реакција на водородот, од којашто произлегува електричен напон. Таа енергија ја користи погонскиот електромотор. Водородниот погон е практично електричен погон, со таа разлика што не се користи тешка и скапа батерија, туку резервоар со водород.
Madrid will test a #hydrogen bus for the first time. The Solaris Urbino 12 hydrogen bus will operate with passengers on one of the lines in service of the public transport network of the Regional Transport Consortium of #Madrid #HydrogenNews
Read more 👉 https://t.co/xfYgwSfEkl pic.twitter.com/AkEWxSuruz
— Fuel cell bus (@Fuelcellbus) March 7, 2022
Пет специјални резервоари со водород, со вкупна зафатнина од 1.560 литри, поставени се на покривот на автобусот. Заради резервна моќност, во автобусите за Австрија ќе се вградува и батерија.
Со договорот се опфатени и електрични автобуси Urbino 9 LE, најнов модел на Solaris со овој вид погон, претставен лани во септември. Автобусите ќе го покриваат меѓуградскиот превоз. Компактните димензии овозможуваат лесна управливост по тесните свијоци по австриските планини. Електромоторот во 9-метарскиот автобус е вграден средишно. Батеријата располага со вкупен капацитет од 280 kWh. Капацитетот е за најмалку 65 патници.
Solaris е присутен во Австрија уште од 2003 година и во меѓувреме има испорачано преку 400 автобуси во 40 градови во земјата. Седумдесет автобуси не испуштаат ниту грам штетни материи.
Од почетокот на производството во јуни 2019 година, Solaris има добиено нарачки од Чешка, Франција, Холандија, Германија, Полска, Италија и Шведска. Првите примероци од новиот модел Urbino 9 LE electric наскоро ќе почнат да превезуваат патници во Полска и Италија.
Електрични автобуси Mercedes eCitaro во германскиот Регенсбург
















