Kia во февруари продала 50.000 автомобили во САД

Главниот печат во продажбата на Kia во САД во февруари ја оставија електричните модели, со историски рекорд, со продажба зголемена за 181 процент во споредба со претходниот рекорд што беше псотавен во септември лани.

Новата генерација на Niro е уште еден силен тркач на Kia на американскиот пазар. Моделот што се нуди со хибриден и електричен погон, во минатиот месец постигнал зголемување од 40 проценти во споредба со февруари во 2017 година, што беше најдобар февруари за Niro во САД досега. Рекорди постигнаа и моделите Telluride и K5, со побивање на претходните продажни рекорди за 13 и 5 проценти, соодветно.

„Kia продолжува да ја престигнува индустријата и да ја менвуа играта, со префрлување на возила со електричен погон, додека продажбата на нашите електрични, хибридни и приклучни хибридни модели продолжува да бележи рекорди и сега сочинува 13 проценти од нашата продажба“, изјави Ерик Вотсон, потпретседател за продажба во Kia America.

Во првиот месец на електричниот кросовер EV6 во САД, продадени се повеќе од 2.100 примероци, што е совршен доказ дека Kia ќе гризе моќно и во ерата на електромобилноста.

Kia во февруари ја зголемила продажбата за 5 проценти, Sportage брилјира

Претходна објаваPeugeot ги почнува лавовските денови во Германија, субвенции до 10.000 евра за електричните
Следна објаваШвајцарски авиони први ќе летаат со „соларен керозин“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here