за

Швајцарски авиони први ќе летаат со „соларен керозин“

Swiss е прва авиокомпанија во светот што ќе користи гориво произведено со енергијата од сонцето.

Swiss и групацијата Lufthansa договорија стратешка соработка со Synhelion, за користење т.н. соларно погонско гориво. Станува збор за гориво добиено по принцип на Sun-to-Liquid, односно користење енергија од сонцето, за производство на горивото.

Компанијата Synhelion разви постапка за производство на керозин што е неутрален во однос на емисијата на СО2, благодарение на користењето на сончева светлина што е сосредострочена на мала површина. Авиопревозникот Swiss и Synhelion стануваат пионери во производството и користењето горива од одржливи извори.

Synhelion е спиноф на Електротехничкиот Универзитет Цирих. Директорот и соосновач др. Филип Фурлер, зборува за потфатот: „Веруваме во глобализиран свет, што го поврзува мобилност којашто е пријателска за животната средина. Со нашиот СО2-неутрален соларен керозин од следната генерација, нудиме ценовно достапна замена за фосилните горива, што штеди ресурси. Ангажманот на Swiss и на Lufthansa Group е доказ за големиот интерес во браншата за нашите соларни горива.“

Технологијата на Synhelion овозможува користење концентрирана соларна топлина за производство на синтезен гас, од којшто понатаму се синтетизира керозин, по пат на стандардна индустриска постапка. Ова погонско гориво од видот Sun-to-Liquid, има затворен СО2-круг, затоа што при согорувањето се ослободува исто толку СО2, колку што е ослободено при неговото производство. 

Годинава ќе започне изградбата на првиот погон во светот за индустриско производство на соларни погонски горива, во Јулих, Германија. Swiss ќе биде прв корисник на ова гориво. Авиокомпаниите ќе помагаат и при развојот на комецијалниот погон за производство на соларни горива во Шпанија.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia во февруари продала 50.000 автомобили во САД

Половина век Audi 80: Без него Passat немаше да постои