Потона бродот на којшто гореа илјадници скапи автомобили

Изгорен брод со околу 4.000 автомобили од марките на групацијата Volkswagen денес потона во Атлантикот при неговото влечење. Тоа официјално го потврдија од португалската поморска управа.

Пожарот на бродот Фелисити Ејс избувна на 16-ти февруари, додека тој пловеше во близина на Азорските Острови. Екипажот од 22 членови беше спасен. Повеќето од натоварените автомобили што беа наменети за пазарот во САД, беа уништени или тешко оштетени во пожарот.

Спасувачите од ангажираната холандска компанија, во минатиот четврток потврдија дека пожарот сам се изгаснал. Производителот на автомобили уште нема излезено со соопштение за причините што доведоа до пожарот. Нема информации ниту за бројот на нови автомобили што изгореа во пожарот, како и за марките на автомобилите. Во медиумите се спомнуваше дека станува збор за голем број возила од марката Porsche.

Двестеметарскиот брод патуваше од Емден, Германија, до Дејвисвил во американската сојузна држава Род Ајленд, кога пожарот избувна од непознати причини. Потоа бродот пловеше цела недела по Атлантикот, за на крајот да биде закачен за брод, во обид да се извлече до близина на брег.

Бродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза

Претходна објаваПет од сто продадени комбиња лани биле хибридни или електрични
Следна објаваМалку труд, голем ефект: Лак за сопирачки шепи од Foliatec

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here