Škoda Slavia е лимузина со техника од Fabia и се продава во Индија

Компактниот СУВ со име Kushaq се продава мошне успешно на индискиот пазар, следен е лимузинскиот модел Slavia, што користи изведба на платформата MQB-A0, наменета посебно за модели за индискиот пазар.

Škoda понуди на индискиот пазар лимузина Slavia, со богата безбедносна опрема, со современи можности за поврзување со телефон и со два бензинци TSI, со 115 и 150 КС. Развојот во голем дел се одвиваше во центарот за развој на нови технологии на Škoda во индискиот Пун.

Slavia се вклучува во трка во една од најпродаваните класи автомобили на индискиот пазар. Моделот во бројни детали е приспособен точно за барањата и потребите на тамошните возачи. Škoda Slavia претставува уште еден важен чекор на марката во Индија, со којшто ќе се зајакне уделот на Чесите на индискиот пазар. Понатаму ќе следи фаза во којашто возилата произведени во Индија ќе се извезуваат на важни пазари во раст ширум светот.

Индија тежнее во блиска иднина да се најде меѓу 5-те најголеми пазари за Škoda во светот

Концернот Volkswagen вложува вкупно една милијарда евра во проектот India 2.0, со цел да се зајакне пазарното присуство на Škoda и на Volkswagen во Индија. До 2025 година, вкупното учество на Škoda и Volkswagen на индискиот пазар треба да достигне пет проценти.

https://photos.app.goo.gl/T9snHu9enZuF3z938

Името Slavia се поврзува со основачите на компанијата, Вацлав Лорин и Вацлав Клемент. Под тоа име, двајцата основачи во 1896 година продаваа велосипеди од сопствен развој. Три години подоцна, по велосипедите Slavia стартуваше и производство на мотоцикли.

Во почетокот на 20-от век, Slavia беше синоним за издржливост, достапна цена и свеж пристап во конструирањето. Тоа се квалитети што и денес претставуваат важен дел од имиџот на Škoda.

https://photos.app.goo.gl/Cta7AKAoecTUjAKg7

Кабината нуди простор за петмина патници, назад има багажник со прилично спектакуларна зафатнина од 521 литар. Линијата на каросеријата потсеќа на купе и зрачи со елеганција. Впечатливи се деталите со изглед на кристал, верно на традицијата на чешкото занаетчиство. Тоа важи за предните и задните светла, што во повисоките нивоа работат со диодна техника.

Дизајнерите посебно внимаваа на деталите од хром и на двобојните тркала, што посебно им паѓа на очи на индиските возачки и возачи. Ексклузивно за Slavia се нуди новата кристално сина боја со металик лак.

https://photos.app.goo.gl/5ccrYYLPXS9Ng48v6

Меѓуоскиното растојание изнесува 2.651 милиметри, каросеријата е широка 1.752 и висока 1.507 милиметри. Погледот отстрана не мами, Slavia е долга 4.541 милиметри. Уште еден важен податок за условите по индиските патишта е растојанието од подлогата од 179 милиметри. 

Slavia не е прва лимузина на Škoda што се нуди на индискиот пазар, напротив. Škoda Octavia и Superb долго време уживаат високо реноме

Целата моделска понуда на Skoda на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваMercedes-Benz го испорача првиот електричен Actros
Следна објаваФабриката на Tesla во Берлин е кусо пред отворање

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here