за

Mercedes-Benz го испорача првиот електричен Actros

Првиот eActros од сериско производство оди во служба на германската компанија за логистика Dachser, за превоз на стока до центарот на Штутгарт, без врева и без штетни гасови.

На мала свеченост во германскиот град Верт на Рајна, извршната директорка на камионскиот огранок на Mercedes-Benz, Карин Радстром, го предаде првиот електричен eActros во служба во компанијата за логистика Dachser. Тоа е прв примерок од сериско производство што е испорачан на клиент.

Dachser планира во иднина да набави уште примероци од eActros, како дел од напорите за заштита на климата. Електричниот камион ќе биде клучен дел од системот на Dachser за испорака на стока без емисија на штетни гасови, којшто моментно се применува во регионите на 11 метрополи во Европа. Првиот сериски примерок од eActros ќе го замени прототипот што Dachser го тестираше уште од 2019 година.

При тестирањето, Mercedes-Benz eActros се докажа во работното секојденвие во регионот на Штутгарт, каде што главно се превезуваше палетирана стока директно до клиентот. Од компанијата гледаат потенцијал 10-тонскиот електричен камион да се користи и за шатл-достава.

Електричниот Mercedes-Benz eActros во Dachser ќе се користи за палетирана испорака, односно стока што е преголема и претешка за пакетна достава, до клиенти во центарот на Штутгарт. Заедно со друг електричен камион, Fuso eCanter (7,5 тони), eActros ќе испорачува стока до микро-магацин во центарот на градот, од каде што понатаму се врши достава до конечниот клиент со електрични товарни велосипеди.

DACHSER Emission-Free Delivery се точно одредени подрачја во коишто компанијата доставува стока без емисија на СО2 и азотни оксиди. За полнење на батеријата се користи исклучиво зелена струја

Mercedes-Benz го испорачува eActros во изведба со три (eActros 300) или четири батериски пакети (eActros 400), со искористлив капацитет од 97 kWh. Во втората изведба се постигнува досег до 400 километри.

Во задната крута оска се вградени два електромотори и менувач со два степени. Двата електромотори користат водено ладење и постигнуваат трајна моќност од 330 kW, односно краткотрајна моќност до 400 kW.

При користење полнач со моќност од 160 kW, со еднонасочна струја и 400 A, потребно е малку повеќче од еден час, за батеријата од 20 проценти да се наполни до 80 проценти.

Продажбата на електрични камиони во Германија се субвенционира со фонд во висина од 10,77 милиони евра, преку Сојузното министерство за дигитална технологија и сообраќај.

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf R 8 pred

Volkswagen донира милион евра помош за бегалците во Украина

Škoda Slavia е лимузина со техника од Fabia и се продава во Индија