Тоа е мошне делотворен начин, да се поттикне продажбата. Преку субвенции во висина и до 9.000 евра, во Германија се поттикнува продажбата на електрични автомобили и приклучни хибриди. Лошата страна на медалот е тоа што субвенциите одат на грбот на граѓаните. Најлошата страна е тоа што поевтино купените автомобили, по одредено време се продаваат со заработка на други пазари на коишто субвенциите не се толку високи или се незначителни. Пример, Германија.
Масовното купување електрични автомобили ги чини Германките и Германците и по 20.000 евра по секое продадено возило во земјата. Тоа се пари што се трошат за субвенции и пари што се губат преку ослободувањето од даноци. Уште повеќе е проблем, тоа што автомобилите купени со субвенции се продаваат во странство. Министерот за економија Хабек, наскоро ќе им стави крај на тие злоупотреби.
Голем број од електричните автомобили, за коишто во Германија се добиваат субвенции во висина до 9.000 евра, по истекот на пропишаното времетраење на користење од најмалку шест месеци, се продаваат во странство. Надлежното министерство за економија побара продолжување на рокот на 12 месеци. До стапувањето во сила на промените, сепак мора да се чека до 2023 година.
Volkswagen ID.3 лани го фотографиравме во соларната централа на ЕВН во неготинско

Како функционира продажниот трик? Во некои држави, на пример во Скандинавија, електричните автомобили се многу поскапи отколку во Германија, затоа што возилата се оптоваруваат дополнително со данок на луксуз. Субвенционираните електрични автомобили по кусо време губат од вредноста, исто како секој друг автомобил. Но, загубата пак е помала од заработката што се постигнува при продажбата во странство. Дилерите и приватните купувачи можат да заработат илјадници евра по возило, или барем им е бесплатно возењето половина година.
Околу 30.000 субвенционирани електрични возила се извезени од Германија и продадени со заработка во странство само во првите девет месеци од 2021 година
Експертите ценат дека само во првите девет месеци лани се продадени околу 30.000 електрични автомобили во странство. Тоа обично се возила одвај постари од шест месеци. Германските субвенции практично го потпомагаат купувањето електрични автомобили во странските држави. Медиумите наведуваат запрепастувачки податок дека штетата од државни субвенции изнесува 240 милиони евра. Толку народни пари се злоупотребени преку препродажбата на „младите користени“ автомобили на струја.
Со Peugeot 3008 возевме чисто на струја по Галичник, претходно имавме тура со електричниот e-208 низ Мариово

Студија на Дојче Банк покажала дека дека во целиот период на користење на електричните автомобили се создаваат фискални ефекти во висина од преку 20.000 евра по возило. Големата сума сепак важи за модели од највисоките класи.
Субвенционирањето на електричните и хибридните автомобили во Германија ќе продолжи најмалку до 2025 година. Владината коалиција сака на патиштата во земјата да види најмалку 15 милиони електрични автомобили до 2030 година. Промена ќе се случи во 2023 година, со намалување или целосно укинување на субвенциите за приклучните хибриди, кои ретко се возат на струја и главно се купуваат поради субвенциите.
>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

















