
Првпат модел со четири врати на Porsche добива буква Т во ознаката, којашто досега се среќаваше единствено во моделските серии 911 и 718. Вo духот на првиот Porsche 911 T од 1968 година, сега и Macan е достапен во посебната моделска изведба со нагласок на спортското чувство.
Мајсторијата во инженерингот на Porsche може да се почувствува вистински кога директно ќе се преседне од еден во друг модел, а најдобро кога целата гама е на располагање. Таква организација е Porsche Driving Experience, кога спортската марка на VW по традиција гостува во Македонија. Човек станува свесен за вистинската вредност на Porsche, откако уште при возење право со умерено темпо и по беспрекорно сув пат, јасно ќе се почувствува разлика зад воланот, меѓу два модели од истата моделска серија, едниот со чисто заден погон и вториот со погон на сите тркала. Значи, не станува збор за возење во екстремни или вонредни услови, туку за најобично крстосување. Затоа, светот почитува кога Штутгарт додава нова „буква“.
Macan T се сместува меѓу основниот модел и спортскиот модел Macan S. Буквата се однесува на Touring и означува модели што се посебно дотерани и специјално опремени, обично со основниот мотор, направени со цел да се постигне посебно чувство во возењето.
https://photos.app.goo.gl/snWHaXZrYeLatunA7
Во споредба со Macan S и GTS, каде што работи 2,9-литарски мотор, врз предната оска во Macan T паѓаат 58,8 килограми помалку товар. Тоа се чувствува при поаѓањето, но и при возењето во свијоци. Дволитарецот во Macan T располага со 265 КС и 400 њутнметри, значи исто како во основниот модел. Менувачот стандардно е 7-степен со двојна спојка. Со погон на сите тркала Porsche Traction Management, со пакет спорт-хроно и копче за „брз одговор“ на воланот, Macan T спинтува до темпо сто за 6,2 секунди. Крајната брзина изнесува 232 km/h.
Класична суспензија со челични пружини, заедно со погон на сите тркала
Главниот печат на моделот е класичната суспензија, со челични пружини, во комбинација со каросерија спуштена 15 милиметри. Предниот стабилизатор е покрут, а соодветно се сменети и работните карактеристики на пружините и амортизерите. Нагласокот е ставен на темпераментна управливост во свијоци.
https://photos.app.goo.gl/kZVyMLTBCE8i1tDQ6
Контролата на стабилноста дозволува повеќе динамика и поголема „присутност“ на задната оска. Опција е пневматска амортизација и за уште 10 mm смалено растојание од подлогата. Купувачите можат да доплатат и за Porsche Torque Vectoring Plus (PTV Plus) за уште поголемо уживање во возната динамика.
Ексклузивни детали надвор и внатре за Porsche Macan T
Надворешни обележја се деталите лакирани во ахат сива боја: Капите на ретровизорите, праговите, спојлерот и натписите назад се неколку од тие детали. Издувните цевки и рамките на прозорците во сјајна црна боја се стандард. Тркалата од 20 инчи се од Macan S, во темна боја на титан.
Цената за моделот во Германија изнесува 69.462 евра, испораките таму ќе почнат веќе во април.
https://photos.app.goo.gl/UdN5PZa9zing4tpz7
https://youtu.be/wt9KWztsfIk
>>> Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021
















