Новите генерации модели на Kia доаѓаат со голем степен на иновативност и со сé помасовна електрификација. Тоа донесе зголемување на пазарното учество на марката, исто како и зголемување на препознатливоста на Kia. За тој залет да се продолжи и засили дополнително, два нови директори се назначени во европското седиште во Франкфурт.
Две клучни позиции во менаџерскиот тим на Kia Europe добија освежување. Александре Папапетропулос ќе ја врши функцијата на директор за производи и за ценовна политика, додека Дејвид Хилберт се придружува во тимот како директор за маркетеинг. Двете назначувања се извршени со цел за дополнително да се забрза напредувањето на Kia на европскиот пазар.
Во својата кариера, Папапетропулос работел на бројни пазари ширум Европа, за неколку луксузни и големоволуменски марки, во делот на стратегијата за развој на модели и маркетингот. Во неговите три години во Kia, Папапетропулос беше клучна фигура за промените во развојот на нови модели. Тој оформи и нов тим, чијашто задача се конективноста и иновативноста.
Во својата нова улога како директор за производи и ценовна полиција, Папапетропулос ќе раководи со планирањето на модели, маркетингот и ценовната политика. Неговата техничка експертиза ќе го зајакне развојот на широка палета на технологии што понатаму ќе се воведуваат во Kia.
https://twitter.com/Kia/status/1489297860470493186?s=20&t=o_jC6wbR7_Q8sGBOZBzWDw
Дејвид Хилберт, новиот директор за маркетинг во Kia Europe, поседува единаесетгодишно искуство во маркетингот на автомобили, благодарејќи на широкиот дијапазон на работни места во браншата. Хилберт почна да работи во Kia во В. Британија во 2016 година, како директор за маркетинг, комуникација, планирање на продукти и производство, програми за маркетинг и MECA-стратегија (Mobility, Electrification, Connectivity, Autonomous).
Како заслуга на Хилберт се вбројува и неговиот придонес за рекордните 5% пазарен удел на Kia на британскиот пазар во 2021 година. Во директорувањето со маркетинтот на Kia во Европа, тој ќе биде одговорен за развој на марката и на стратегијата, за комуникација, дигитална трансформација, друштвени мрежи, медиуми и корпоративна комуникација.
>>> Kia шампионски во Унгарија: Ceed најпродаван компакт, e-Niro прв електричар
Целата моделска понуда на Kia на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

















