Toyota зафаќа сé поголем дел од германскиот пазар

Toyota ја почна годината под полн гас. На најголемиот европски пазар, Германија, марката во јануари регистрирала 5.094 патнички и 514 доставни возила. Тоа претставува исклучителен раст од 40 проценти во јануари.

Јапонската марка напредува на германскиот автомобилски пазар подобро од просекот од сите марки што се нудат таму. Учеството на Toyota на германскиот пазар во првиот месец од годината се зголемило за 0,7 процентни бодови и изнесувало 2,8 проценти.

Книгите со нарачки се полни, благодарение на разновидната понуда од модели, како и можноста за избор на најразлични видови погон. Само во јануари се регистрирани повеќе од 7.100 потврдени нарачки, што претставува зголемување од 28 проценти во спроедба со ланскиот јануари.

За охрабдувачкиот раст во продажбите придонесува и новиот Aygo X. Соодветно на сменетите услови на автомобилскиот пазар, Toyota стартуваше рано со преднарачки за малечкиот градски кросовер. Македонската Тојота Авто Центар исто така е дел од европскиот систем за преднарачки за моделот, што на првите пазари во Европа ќе почне да се испорачува веќе напролет.

>>> Тест · Toyota Yaris Cross Hybrid AWD · Сé што знае Toyota, на едно место

Директорот за продажба, постпродажба и дилерска мрежа во Toyota Deutschland, Марио Келер, открива дека „главен мотор за добриот старт на годината е високата побарувачка за моделите со електрифициран погон“. Останувањето во сегментот од когошто повеќето производители се откажаа, главно поради малата заработка и неопходноста од скапи системи за пречистување на издувот според актуелните лимити на ЕУ, се покажа клучен стратешки потег на Toyota. „Голема е заинтересираноста за нашиот нов основен модел, Aygo X“, открива Келер.

https://twitter.com/Toyota_DE/status/1487108263686647813?s=20&t=GdQz8IHz9N3v7larQb2Ahw

Директорот на германскиот огранок на марката очекува Aygo X да придонесе за нов пазар залет, почнувајќи од вториот квартал. Тоа дополнително ќе ја подобри веќе одличната стартна позиција на Toyota во овие кризни времиња.

Три четвртини од клиентите во Германија, што во јануари се решиле за некој од најпродаваните модели, RAV4, Corolla и CH-R, користат некој од понудените модели на лизинг.

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

>>> Toyota му додаде фактор X на новиот Aygo

TOYOTA AYGO X

Претходна објаваШварценегер како Зевс во рекламата на BMW за Супербоулот
Следна објаваKia Europe со нови директори за маркетинг и за развој на модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here