https://youtu.be/fKvF27ctS4c
Наследникот на Opel Frontera и Antara доаѓа со низа системи што возењето го прават покомфорно, порелаксирано, и пред сé, побезбедно. Еден од тие иновативни системи, што се покажува посебно делотворен токму во зима, при лоша видливост и рано стемнување, е Night Vision.
Знаменосецот во СУВ-понудата на Opel, освеженото моделско годиште на Grandland, привлекува внимание со изведбата со приклучен хибриден погон, но и со еден систем што прави возењето ноќе да биде побезбедно и порелаксирано. Grandland е прв модел на Opel во којшто се вградува системот за ноќно гледање Night Vision.
Исто како приспособливите диодни светла Intelli Lux LED Pixel Licht, овој систем помага возачите навреме да забележат луѓе или животни на патот. Некогаш секунда решава за да се избегне незгода или опасна ситуација. Двата системи имаат иста цел, да направат ноќта да биде како ден, зголемувајќи ја безбедноста на сите учесници во сообраќајот, додека почнува да се стемнува или во мрак.
Opel Vizor во комбинација со систем за ноќно гледање Night Vision и матрични диодни светла IntelliLux LED Pixel Licht
Новиот Opel Grandland има впечатлива појава, со Vizor-носот што во основните црти потсеќа на дизајнот на старите модели на марката од Риселсхајм. Таа појава доаѓа заедно со најнапредни технологии. Нивното присуство е незабележливо однадвор, односно сите сензори и камери се сокриени зад „визорот“, наречен така поради тоа што личи како визор на мотоциклистички шлем.
Меѓу тие системи се вбројува и Night Vision, систем што се базира врз камера и доживува премиера во Grandland. Начинот на делување и предностите на Night Vision се прикажани одлично во едноминутното видео.

Инфрацрвената камера што е сокриена под Opel Vizor прави возењето ноќе да биде побезбедно, посебно по слабо осветлени патишта, на пример локални делници или пат што минува низ шума. Night Vision открива луѓе и животни што се наоѓаат до 100 метри оддалеченост пред Grandland. Системот дејствува на тој начин што ја утврдува разликата во температура со средината. Кога камерата ќе открие пешак, велосипедист или дивеч по работ на патот, тоа се покажува на дисплејот од 12 инчи во дигиталниот кокпит на СУВ-моделот. Човекот или животното пред возилото се прикажува со нагласена боја во дисплејот.
Ноќното гледање е опција што е достапна во повисоките нивоа на опрема Ultimate и Business Elegance, затоа што вградувањето на системот се поврзува со уште неколку ставки што исто така треба да се наоѓаат во возилото. Меѓу тие ставки спаѓаат и приспособливите диодни светла Intelli Lux LED Pixel Licht. Станува збор за 84 диодни светилки во секое светло, значи вкупно 168 светилки, што ги сочинуваат предните светла. Предноста се состои во тоа што патот се осветлува беспрекорно, без притоа да се заслепува сообраќајот отспротива. Кога системот ќе препознае дека отспротива доаѓа возило, самостојно ги гасне диодните светилки што се насочени директно кон тоа возило, додека останатиот дел од патот и натаму е осветлен максимално.
Тоа се два системи што се надоврзуваат едно со друго, за возењето ноќе да го направат побезбедно и полесно.
Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line
















