Како се покажаа електричните автомобили по техничкиот преглед во TUV

bmw i3s grad
bmw i3s grad

По три години од првата регистрација во Германија, низ станиците за технички преглед на TUV првпат поминаа доволен број електрични возила, за резултатите од проверката да влезат во извештајот за техничката исправност на организацијата. 

Електричните автомобили во Германија се покажаа примерно при нивното прво вклучување во извештаите од техничките прегледи на TUV. Како што оцените од експертите на оваа германска организација за технички преглед се веродостојни кога се бара совет за издржливоста на одреден модел на нов или користен автомобил, нивните оцени сега важат и за електричните автомобили.

Здружението TUV ги вклучи во анализата четирите најзастапени модели на електрични автомобили во Германија: BMW i3, Renault Zoe, Smart Fortwo Electric Drive и Tesla Model S. Директорот на здружението, др. Јоаким Билер, коментира околу резултатите: „Првпат низ станиците за технички преглед на TUV поминаа доволен број електрични автомобили, за да може да се направи оцена на техничката сигурност на возилата. На првиот главен технички преглед на електричните автомобили има и светли и темни страни.“

Електричните автомобили секако дека не се имуни на дефекти

Резултатите од техничките прегледи на електричните автомобилите се вклучени во извештајот на TUV, којшто опфаќа вкупно 9,6 милиони технички прегледи во станиците на организацијата. Меѓу автомобилите стари меѓу 2 и 3 години со мотор со внатрешно согорување, уделот на возила со „големи недостатоци“ изнесува 4,7 проценти. Тие возила се враќаат од технички преглед и се упатуваат во сервисна работилница.

Од четирите електрични автомобили во извештајот, најдобро се покажа електричниот Smart Fortwo, каде што во просек доаѓаат по 3,5 дефекти на секои 100 примероци од моделот. На списокот на возила стари меѓу 2 и 3 години со мотор со внатрешно согорување, местото на електричниот Smart би било во првата третина возила со најмалку дефекти.

Smart Fortwo Cabrio Electric Drive

Следи BMW i3, каде што просекот на дефекти изнесува 4,7 проценти. Баварскиот модел би се пласирал во втората третина возила според бројот на дефекти. Покрај проблеми со собореното светло, кај i3 често се појавуваат неисправности во сопирачките дискови. „Проблемите со деловите од сопирачките се вообичаени кај електричните возила, затоа што во споредба со моделите со мотор со внатрешно согорување се користат многу поретко и поради тоа кородираат почесто“, коментира Билер.

bmw i3 prodazba prv kvartal

Возачките и возачите практикуваат да го користат повратокот на енергија при забавување (рекуперација), што се одвива при секое отпуштање на педалата за забрзување. При забавуањето на возилото се произведува електрична енергија и се полни батеријата. Директорот Блер препорачува: „Сопствениците на електрични автомобили треба по можност да ги користат сопирачките при секое возење и редовно да ги сервисираат истите.“

Renault Zoe е меѓу најпродаваните и најдолго присутни електрични автомобили во Европа

Популарниот Renault Zoe, со просек од 5,7 проценти, би се пласирал во последната третина возила според бројот на дефекти. Покрај неисправни или погрешно насочени светла, Zoe натпросечно често има дефекти во водењето на тркалата, односно во подвозјето.

Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил

Најлошо поминува Tesla Model S. Просекот од 10,7 проценти значи дека секоја десетта Tesla Model S не поминува на технички преглед. Американскиот електромобил би се нашол во последната третина на возила според бројот на дефекти, меѓу вкупно 128 модели што се вклучени во извештајот. Според бројот на дефекти, Tesla е исто толку чувствителна колку Dacia Duster или Dacia Logan. Освен проблеми со магленките и со собореното светло, Model S на технички преглед покажува проблеми со попречните водилки, жаргонски со „рамењата“.

На листата на проверки при технички преглед на електричните автомобили постојат неколку дополнителни ставки. Кај нив се проверува и прицврстувањето на високонапонската батерија, состојбата на изолацијата и на каблите, приклучоците. Исто се проверува и дали кабелот лесно се приклучува за полнење на батеријата, како и блокадата за возење, кога возилото е приклучено на полнач.

Резултатите се добиени од технички прегледи на 1.142 возила BMW i3, 1.939 возила Renault Zoe, 1.645 возила Smart Fortwo Electric Drive и 812 примероди од Tesla Model S.

>>> Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Претходна објаваСистем за ноќно гледање во новиот Opel Grandland
Следна објаваTesla си купи железничка пруга близу фабриката во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here