Northvolt ја произведе првата европска батерија за електрични автомобили

Ново поглавје во европската автомобилска и воопшто во целата европска индустрија. Northvolt во Шведска ја произведе првата батериска ќелија што е целосно конструирана, развиена и произведена во Европа.

Во Скелефте, Шведска, синоќа беше произведена првата батериска ќелија за електрични автомобили, во фабриката на Northvolt. Континентот ја има првата ќелија што е целосно европски производ од европска компанија.

Швеѓаните работеа на ова историско достигнување од најавата за изградба на фабрика во 2017 година. Ќелијата со структура во форма на призма ја напушти производствената лента на 28-ми декември 2021. Фабриката ќе продолжи да се доопремува и проширува во текот на целата 2022 година. Првите испораки за клиент ќе стартуваат в година.

Петер Карлсон, извршен директор и соосновач на Northvolt: „Секако дека во следните години планираме значително проширување на производствениот капацитет на Northvolt Ett, што ќе овозможи Европа да премине на чиста енергија.“

Батериската ќелија е развиена во Northvolt Labs, лабораторија за подготовка за индустриско производство на Northvolt во Вастерас, Шведска. Во следните години, капацитетот на Northvolt Ett ќе се зголеми на 60 GWh годишно. Договори за испорака во вредност од 30 милијарди долари се потпишани со BMW, Fluence, Scania, Volkswagen, Volvo Cars и Polestar.

Во Скелефте моментно работат повеќе од 500 лица, од 56 нации.

>>> Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари

 

Претходна објаваКлубот ADAC со пример како се остава лента за Брза помош
Следна објаваДва важни новитети на Honda доаѓаат во 2022 година

2 КОМЕНТАРИ

    • Тоа е одлична вест, поздрав до сите Македонци таму и имајте среќна и радосна 2022 година, и секако многу здравје! Сега ќе нé радуваат уште повеќе вестите што доаѓаат од Northvolt 😀

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here