Градењето нови фабрики нема да помогне, затоа што во нив нема да се произведуваат постарите чипови што главно се користат во автомобилското производство. До тој заклучок доаѓа студијата на Roland Berger.
Автомобилската индустрија главно користи постари генерации чипови и поради тоа повеќе е погодена од недостигот од чипови од останатите бранши. Студијата на познатата консултантска куќа Roland Berger, заклучува дека глобалниот недостиг од полупроводници за автомобилската индустрија и за бројни други бранши, ќе трае и по 2022 година.
Најголем недостиг владее за чипови од постарите генерации, што најмногу се вградуваат во автомобилската бранша. Дополнителните фабрики со коишто се прошируваат капацитетите, нема да помогнат во надминувањето на недостигот, затоа што нивната продукција е предвидена за новите генерации чипови. Обемната студија е објавена под името „Steering through the semiconductor crisis. A sustained structural disruption requires strategic responses by the automotive industry” од консултантската куќа Roland Berger.
The #semiconductors shortage is here to stay: Carmakers should prepare for the bottleneck to last beyond next year and redesign cars so they need fewer of them, Roland Berger says @WillWilkesNews @tarapatelparis https://t.co/dh3jt9KB1h via @business
— Elisabeth Behrmann (@ElisBehrmann) December 15, 2021
„Разидувањето меѓу понудата и побарувачката постојано се зголемува“, открива Мајкл Александер, партнер на Roland Berger. „Подобрување не е на повидок. Тесното грло има структурни причини, кои лежат во актуелнaтa поставеност на синџирот од добавувачи. Недостигот од чипови ќе трае и во 2023 година, а веројатно и потоа. Најавените дополнителни капацитети се недоволни за покривање на потребите.“
Актуелната побарувачка од чипови далеку ги надминува производствените капацитети
Според анализите на експертите на Roland Berger, побарувачката од чипови од 2020 до 2022 година се зголемува за 17 проценти годишно. Производствените капацитети во истиот период пораснале само за 6 проценти годишно. Логичките мостови (со рaстер од 40 нанометри и поголеми), аналогните чипови и микро електромеханички системи (MEMS), се сегменти на полупроводници, во коишто се очекува недостигот да трае најдолго. Бидејќи фабриките за полупроводници моментно се оптоварени со 97 проценти во просек, брзо зголемување на продукцијата не е можно.

Покрај тоа, некои производители на автомобили веќе ја префрлуваат организацијата на снабдување од „Just-in-Time“ на „Just-in-Case“’. Тоа значи дека во автомобилските фабрики се создаваат залихи од полупроводници. Во покус период, тоа дополнително ќе предизвика тесно грло во снабдувањето.
Пресвртница во архитектурата на полупроводници
Новите производствени капацитети нема да помогнат во надминувањето на тесното грло во автомобилската индустрија, затоа што главно се инвестира во чипови со високи перформанси од најновата генерација. Најголемиот недостиг е кај чиповите од постарите генерации, коишто се произведуваат со техника од 1990-те и 2000-те години. Нивниот удел во обемот на полупроводници што се вградуваат во актуелните електронски архитектури на автомобилите со мотор со внатрешно согорување, изнесува дури 95 проценти. На чипови од најновата генерација отпаѓаат само 5 проценти.
Автомобилските производители се подготвени да се префрлат на нова архитектура на електрониката во нивните модели. Студијата опфати и одговори од експертите во технолошките и автомобилските компании. Според нивните оцени, за тоа ќе бидат потребни повеќе од пет години.
Клиентите за полупроводници мораат да ги приспособуваат своите стратегии
Компаниите од автомобилската индустрија и од останатите бранши, коишто се потрошувачи на полупроводници, треба активно да се соочат со кризата. Тоа подразбира технички мерки, како што е побрза замена со централизирани или зонски E/E-архитектури. Покрај тоа, важно е да се потпишуваат директни и долгорочни договори за снабдување со производителите на полупроводници. На тој начин ќе има се воспостави двострана сигурност за производствените капацитети, но и обврски. „Надминувањето на кризата бара стратешки мерки“, заклучуваат од Roland Berger.
>>> Австрија отвора нова фабрика за чипови, кризата ги поместува плановите
















