Со традиција од преку 100 години, производителот на спортска облека Mizuno и автомобилскиот специјалист Mazda се две јапонски компании од „тешка категорија“. Тоа што уште ги спојува овие две марки се дизајнот и пионерскиот дух.
Несекојдневниот „модел“ на Mazda e создаден од заедничката страст за врвни перформанси и ставањето на купувачот на прво место на двете компании. Станува збор за спортски обувки Mizuno Kodo Sneaker, наменети за клиенти што се посветени на трките и на уживањето во возење.
Сникерсите на Mazda се изработени во серија од само 1.350 парови. Дизајнот црпи инспирација од Kodo Soul of Motion – тоа е дизајнот на автомобилите на јапонската марка. Како што соопштуваат Mazda и Mizuno, „со минималистичкиот стил, високите спортски обувки оставаат впечаток и по градските тротоари, излегувајќи во пресрет на клиентите што бараат монохроматски дизајн“.
Mizuno Kodo Sneaker се изработени од сива нубук вештачка кожа и црна телешка кожа, во комбинација со синтетски влакна
Водечката идеја при осмислувањето на обувките била да се постигне совршен спој меѓу возачот, обувките и возилото. Од Mazda одамна му имаат соопштено на светот дека сé што се создава во нивната марка се заснова врз уживање во возењето и врз чувството на Jinba Ittai – тоа е единството меѓу јавачот и коњот, исто како и меѓу луѓето и возилото. Тие квалитети сега се применети во спортските обувки на Mizuno.
https://photos.app.goo.gl/BY4N6MrwnKsS1XBn9
Единствено е проблем тоа што спортските обувки се распродадоа за само неколку денови. Фановите на Mazda очигледно не се двоумеа да дојдат до пар од екскузивните обувки, откако стартуваа онлајн-нарачките на јапонската онлајн-продавница Makuake. Обувките се продаваа по цена од околу 40.000 јени, односно околу 310 евра.
>>> Првиот автомобил на Mazda имаше двоцилиндарец со 16 КС

















