Peugeot награден за дизајнот на целата марка

Во рамките на изборот „Car Design Award“, којшто е основан во 1984 година на иницијатива на магазинот Auto&Design, годинава Peugeot победи во категоријата за најдобар „Дизајнерски јазик на бренд“.

Наградата се однесува подеднакво за сите модели на марката Peugeot. Жирито на изборот цени дека „новата моделска понуда на Peugeot покажува дека лавовската марка напредуваше во насока на спортската нота и префинетоста, создавајќи впечатливи линии што се совпаѓаат со традиционалните корени на марката.“

Peugeot годинава е носител на титулата за најдобар „Brand Design Language“, којашто се доделува за дизајнерски јазик што се провлекува низ целата понуда од модели на одредена марка.

Матијас Хосман, директор за дизајн на Peugeot, со голема радост ја прими наградата, којашто претставува важно одликување во светски рамки. Наградата се совпаѓа со продажниот успех на најновата генерација модели на Peugeot.

Сцена од нашата репортажа со Peugeot 208 во прилепскиот дел од Мариово, по пат за Витолиште · Линк до објавата

„Car Design Award“ за 2021 година оди кај Peugeot за неговите најнови модели. Наградата се доделува од 1984 година, како иницијатива на Фулвио Чинти, основач и директор на светски познатиот магазин за Auto&Design.

Жирито со сочинуваат 12 експерти, вклучувајќи новинарки и новинари од водечките автомобилски медиуми во светски рамки. Наградите се ценат посебно, затоа што претставуваат објективна оцена за глобалниот автомобилски дизајн.

Врачувањето на наградите за дизајн се одржа во Националниот автомобилски музеј во Торино

Врачувањето на наградите се одржа во Националниот автомобилски музеј во Торино. Настанот беше пренесуван во живо на друштвените мрежи. Во финалето се избираше меѓу десетте финалисти во трите категории за сериски автомобил, концептен автомобил и најдобар дизајнерски јазик на марка. Трофејот што се однесува на целата марка му припадна на Peugeot.

Во категоријата за дизајнерски јазик на марка се оценуваат дизајнот на марката, како и видот и начинот на којшто марката ги пренесува своите пораки и вредности, преку единствена и привлечна понуда од модели.

Матијас Хосман, директор за дизајн на Peugeot, почестен е со важното одликување: „Многу се радувам за оваа награда. Таа доаѓа во клучен момент за лавовската марка, што со новиот Peugeot 308 го подигнува својот дизајн и својот карактер на ново, уште похрабро и поиновативно рамниште. Новиот имиџ на нашата марка се водедува со новиот Peugeot 308 и истиот постигна револуција во видот и начинот на коишто ги пренесуваме нашите вредности. Нашите корени завлегуваат длабоко во минатото, но исто така нé упатуваат во воздбудливата иднина“.

Наградата годинава следи откако Peugeot 2008 при својата премиера во 2019 година победи во категоријата за сериски автомобили. Тоа е потврда за постојаноста со којашто Peugeot се усовршува во поглед на динамиката и повисокото позиционирање. Јасните и моќни линии се во согласност со историските корени на марката што е основана во 1810 година.

Го имате посетено нашиот онлајн-каталог за сите нови автомобили на македонскиот пазар, Avtosalon.mk ? Целата понуда на Peugeot е достапна на следниот линк.

Претходна објаваКако се случи Octavia во Германија да се продава подобро од Golf?
Следна објаваКрадците на автомобили си најдоа алатка во Apple Airtags

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here