Според Силвија Дос Сантос, менаџерка во одделението за маркетинг, задолжена за изборот на името на моделите на Renault, Austral се поврзува со живоста и врелината на јужната полутопка. Понатаму, името Austral повикува на патување и совршен избор е за СУВ. Секако дека е важно името да звучи пријатно и лесно да се изговара.
Renault го најавува новиот СУВ како модел со висока технологија, просторност и уживање за возење. Французите ветуваат дека со Austral внесуваат новина во C-сегментот, во компакт класата. Каросеријата долга 4,51 метри нуди пет седишта. Austral на латински значи „јужно“ или „од југот“.
Austral покажува дека Renault е на пат да го врати местото што некогаш ѝ припаѓаше на марката во СУВ-сегментот. Кросоверот Arkana (кај нас Megane Conquest) и новиот Mégane E-TECH Electric веќе уверија дека француската марка се враќа на сцената во сјај во каков што отсекогаш ја помниме.
Продажбата ќе стартува напролет, Renault Austral доаѓа на местото на Kadjar.
>>> DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија
⇒ На нашиот онлајн каталог Avtosalon.mk можете да ја погледнете целата понуда на Renault и на останатите марки на македонскиот пазар, со сите технички податоци, со сериската опрема и секако со цените на сите модели.