Целиот пазар удолу, Volvo угоре 8,8 проценти до ноември

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Шведскиот производител обично прв ги воведуваше промените во браншата во изминатите години, и тоа покажува резултати. Volvo во периодот од јануари до ноември продал 634.257 автомобили и сите регистри укажуваат дека декември ќе ја заокружи годината со голема позитива.

Во услови на криза во снабдувањето со полупроводници за целата автомобилска бранша и генерално предизвикувачки услови за производителите на автомобили, Volvo постигнува впечатлив раст во продажбата од 8,8 проценти до ноември.

Во претпоследниот месец од годината се продадени 52.793 возила, што сепак е за 20,7 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Секако дека тоа е последица од продолжувањето на кризата во снабдувањето со полупроводници, што го погоди производството на возила, а со тоа и самата испорака на возила за клиентите. Побарувачката за автомобилите на Volvo остана на високо ниво, што се огледува и во долгите списоци со нарачки што чекаат за извршување во претстојните месеци.

Добрите резултати на годишно ниво се доказ и за високата побарувачка за моделите Volvo Recharge, односно за моделите со приклучен хибриден или целосно електричен погон. Во ноември стартуваше испораката на комплетно новиот C40 Recharge со чисто електричен погон.

Повеќе од една половина од испорачаните возила на Volvo во ноември во Европа имаат електричен или приклучен хибриден погон. Во светски рамки, нивниот удел е една третина

Едно од секои четири испорачани возила на Volvo годинава на светскиот пазар се модели Recharge. Во Европа, двете електрични погонски варијанти учествуваат со 40 проценти. Добро се развива трендот и во САД, каде што една петина автомобили на Volvo се Recharge. Во глобални рамки, продажбата на оваа потсерија модели на Volvo пораснала за 70 проценти од почетокот на годинава, во споредба со лани.

Најпродаван модел на светскиот пазар е Volvo XC60, со вкупно 195.108 возила (2020: 169.445) во првите единаесет месеци. Следи XC40 со вкупно 184.842 примероци (2020: 161.329), трет е луксузниот XC90 со 97.365 примероци (2020: 80.275).

  11/
2021
До 11/ 2021 Промена
       
Европа 22,415 264,910 4.0%
Recharge 11,669 114,044 51.0%
– приклучни хибриди 9,891 100,727 35.6%
– електрични 1,778 13,317 960.3%
       
Кина 13,418 157,034 6.1%
Recharge 1,693 10,087 99.4%
– приклучни хибриди 1,532 9,376 85.4%
– електрични 161 711
       
САД 7,667 111,733 16.5%
Recharge 1,712 19,843 268.4%
– приклучни хибриди 1,300 14,206 166.5%
– електрични 412 5,637 10,149%
       
Останати 9,293 100,580 19.1%
Recharge 2,229 21,397 116.0%
– приклучни хибриди 1,887 20,104 103.0%
– електрични 342 1,293 – 
       
Вкупно 52,793 634,257 8.8%
Recharge 17,303 165,371 72.5%
– приклучни хибриди 14,610 144,413 52.7%
– електрични 2,693 20,958 1,499%

>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

Претходна објаваPeugeot сé почесто вози на струја: 508 Hybrid испорачан во Еуроимпекс
Следна објаваCorolla Cross е уште еден нов модел во понудата на Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here