Škoda Karoq: Тенки светла и аеро-зафати за бестселерот

SKODA KAROQ FL

По четири години од почетокот на продажбата, Škoda го освежува својот најпопуларен СУВ-модел Karoq. Промените во изгледот се извршени за компактниот модел да се вклопи со останатите модели. Во кабината се користат материјали од обновливи извори, се вградува и нова технологија.

Помалиот брат на Kodiaq лани беше втор најпродаван модел на Škoda по Octavia, а трендот продолжи и во првите шест месеци од годинава. Томас Шефер, претседател на извршниот одбор на Škoda, зборува за успехот на Karoq: „Со повеќе од половина милион продадени примероци, Karoq е еден од столбовите на успехот на нашата марка. За тоа да продолжи, моделот го усовршивме за годините што следат: со освежен дизајн, оптимирана аеродинамичност, како и со врвни системи за систенција и можности на инфо-забавните системи. Убеден сум дека со овој усогласен вкупен пакет ќе продолжиме да ја пишуваме успешната приказна на Škoda Karoq.“

Свеж дизајн, подобрена аеродинамичност и материјали од обновливи извори во внатрешноста

Škoda изврши неколку зафати во изгледот, со коишто компактниот СУВ се приближи до стилот на поновите модели во понудата на чешката марка. Тие промени доведоа Karoq да биде мошне впечатлив. Маската е поширока и сега има нагласена шестаголна форма, во контраст со новите тенки светла. Истиот зафат е извршен и кај задните светла. Дизајнот на алу-тркалата е сменет со цел да се подобри аеродинамичноста, со црни пластични вметоци. Во таа насока продолжуваат новиот заден спојлер и малите перки покрај задното стакло.

https://photos.app.goo.gl/4cMkvsjj88SsRuo4A

Внатре се применуваат нови облоги, што се изработени од материјали од обновливо потекло. Се воведуваат нови технологии, на пример, првпат во Karoq се достапни матрични диодни светла. Исто е збогатена и понудата од системи за асистенција.

Карактерот на вториот СУВ од новата генерација, по Kodiaq, ги задржува квалитетите што придонесоа за неговиот успех, како што се просторната кабина, високата практичност и одличната противвредност. Škoda Karoq моментно се нуди во 60 држави ширум светот и се произведува во Чешка, Словачка, Русија и во Кина.

https://photos.app.goo.gl/4okWEz6SmotrhHAH7

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Претходна објаваЕлектричната Kia EV6 е кросовер на годината за Top Gear
Следна објаваКамион на Daimler носеше тон со 5 КС пред 123 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here