Toyota Corolla за 2022 година доби нов процесор за дисплејот

Работите во Toyota се одвиваат многу спокојно во ова време кога целата бранша е во трка за електрификација. Јапонците го започнаа тоа уште пред повеќе од 20 години, со хибридниот Prius. За новата година, Toyota Corolla добива нов процесор за дисплејот, нови бои и нови тркала, специјално издание од Corolla Trek.

Со повеќе од 50 милиони продадени примероци во историјата на моделот, Corolla нема со кого да се натпреварува. Јапонците ја погодија формулата што успева. Но, мудриот и вреден народ од островската земја знае дека човек не треба да се потпира на претходните достигнувања. Едно од начелата на делување на Toyota е постојаното напредување.

Од европската централа на Toyota во Брисел, утрово пристигна соопштение во коешто се наведува дека „Corolla може да продолжи со исполнувањето на својата улога на совршен партнер за секојдневниот живот на многубројни корисници.“ Комбилимузината, комбито Touring Sports и лимузината во гамата на Corolla добија неколку освежувања во изгледот и во технологијата за 2022 година.

Новиот мултимедиски систем располага со повисока моќност и реагира побрзо

Во новите произведени примероци од Corolla ќе работи нов мултимедиски систем, со подобрено поврзување, нова функционалност и лесно користење. Системот ќе се вградува од средните нивоа на опременост нагоре, што е неважно за нашиот пазар, затоа што Тојота Авто Центар веќе ја стартува гамата со средното ниво на опременост Comfort.

https://photos.app.goo.gl/pjc9kcoj87NjxGgY7

Новината е во моќниот процесор што работи 2,4 пати побрзо и овозможува побрза реакција при ракување со системот. Дисплејот е од 8 инчи со висока резолуција, којшто во повисоките нивоа нуди пристап до низа онлајн-услуги, вклучувајќи навигација врз база на податочен облак, со постојано добивање информации за тековните состојби во сообраќајот.

https://photos.app.goo.gl/ggK1LgUKdoe2i54F8

Сите податоци и информации се испорачуваат преку модулот за размена на податоци (DCM) на Corolla, што значи дека нема потреба од впарување со телефон. Новиот софтвер се вчитува „over the air“, а поврзувањето со телефон се врши преку Apple CarPlay, со безжична врска, како и преку Android Auto, за што е потребен кабел.

Нови бои за каросеријата и нов изглед на тркалата

Corolla од моделската 2022 година ќе се лакира во две нови бои: Премиум бела со бисерен ефект и сребрена металик. Истите може да се нарачаат и во комбинација со покрив во контрастна боја во комбилимузината и во комбито TS.

https://photos.app.goo.gl/fZ9JLz3cTLZtUKLW7

https://photos.app.goo.gl/Y1nGhzky7j9DWJeG6

Новина кај лимузината се 17-инчните тркала од лесен метал со 10 краци, што се изработени машински. Овие тркала ќе се вградуваат од средното ниво нагоре.

Ново специјално издание од кросовер изведбата Corolla Trek

Toyota ја продолжува соработката со производителот на велосипеди TREK Bikes, којашто вклучува користење хибридни Corolla Touring Sports, како пратечки возила за професионалниот тим Trek-Segafredo. Во таа чест е претставен новиот Corolla TREK Special Edition, со збогатена опременост и со вообичаената практичност што излегува во пресрет на потребите на спортистите.

https://photos.app.goo.gl/KBtV6xDGGSc1iy3BA

Corolla TREK Special Edition ќе се произведува само во изведба со 2,0-литарскиот хибрид со 180 КС, со нагласени детали што се својствени за Trek, со растојание од подлогата зголемено за 20 mm, со облоги на арките на крилата и со заштитни плочи за подвозјето. Тркалата од 18 инчи имаат нов дизајн, прозорците се врамени со хромирани лајсни, внатре пречекува црна кожа, украсни плочи со хромиран финиш и потпирачи за рака во вратите со финиш на пијано лак.

Нарачките стартуваат уште месецов, а првите испораки се очекуваат околу февруари.

https://photos.app.goo.gl/e15EW82NrVBqLZP39

https://photos.app.goo.gl/zSRqLtjiMtaDwKbT9

https://photos.app.goo.gl/1Sv8e9xceH2DiU9Q7

https://photos.app.goo.gl/mNZoPBxzU8tVKdi79

https://photos.app.goo.gl/ei9q52hvKkPETUch6

>>> Ако е Toyota GR, единствено е: Купето GR 86 подготвено за старт

Претходна објаваДизајнирана во Германија: Новата Opel Astra разгорува емoции
Следна објаваPorsche и Ericsson тестираат приватна 5G-мрежа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here