за

Porsche и Ericsson тестираат приватна 5G-мрежа

Porsche во соработка со шведскиот специјалист Ericsson пушти во работа приватна 5G-мрежа во фабриката во Лајпцих.

Првата 5G мрежа за истражување во производствената мрежа на Porsche почна со работа во погоните на спортската марка во Лајпцих. Предноста на технологијата е во тоа што се постигнува безбеден пренос на сигнали во реално време.

Самостојната 5G мрежа за истражување работи преку приватен спектар на фреквенции, но ја користи истата техника што се наоѓа во комерцијалните мрежи. „Производството во Porsche се наоѓа во сеопфатна, дигитална трансформација на патот кон фабриката на иднината. Притоа ја следиме нашата визија: smart, lean & green. Технологијата 5G е главниот пат кон нашата паметна фабрика“, изјави Албрехт Рајмолд, директор за производство и логистика во Porsche AG.

Во развојниот центар на Porsche во Вајсах веќе се користи 5G-мрежа. Работата таму е насочена во развој на функции, што овозможуваат возилата да си разменуваат податоци коишто се однесуваат на безбедноста.

Вмрежувањето, дигитализацијата и автоматизацијата не се главен тренд само во возилата, туку и во иднината на производството. Мрежата 5G за истражување што е поставена во Лајпцих овозможува сигурно и флексибилно тестирање на можноста за производство на други системи, што ќе напредуваат со нивното префрлување на безжична комуникација.

Мрежата прво се применува во каросериското одделение. „Тест-работата на 5G е важен чекор на фабриката во насока на производството во иднина. Пилотското подрачје во изработката на каросерии за Macan е одлична можност да се испробаат можностите за примена во производствена средина“, изјави Герд Руп, претседател на управниот одбор на Porsche Leipzig GmbH.

Мрежата за истражување 5G овозможува без пренос на податоци, без доцнење, меѓу човекот, машината и возилото. Во тој контекст се надоврзуваат од шведската компанија: „Ericsson се гордее што соработува со водечки претпријатија како Porsche, во нивните паметни фабрики, како и за тоа што им ги обезбедува нашите водечки производи за 5G и за приватни мрежи. 5G-конективноста е следен чекор во дигиталната трансформација на фабриките.“

Porsche со пет светски премиери на салонот во Лос Анџелес

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla за 2022 година доби нов процесор за дисплејот

Lexus стартува со првиот приклучен хибрид и му се радуваме во Македонија