за

Дизајнирана во Германија: Новата Opel Astra разгорува емoции

Новата Opel Astra го отсликува смелиот и елегантен дизајн на брендот. Прецизноста во секој детаљ укажува на високото ниво на квалитет.

Новата Opel Astra со својот смел и елегантен дизајн има за цел да го истакне високото ниво на квалитет во секој детаљ. Шестата генерација на Astra, која ја прослави својата светска премиера во септември, дизајнирана е да буди емоции и да го постигне ефектот „must-have“ на прв поглед.

Тимовите за дизајн и развој, каде околу 50 % се жени, си поставија за цел новиот компактен модел на германскиот производител да биде вистинско „дизајнерско парче“ од внатре и надвор. Следејќи ја главната инженерка Мариела Фоглер, дизајнерката за бои и материјали Илка Хоберман сега дава сознанија од дизајнерскиот свет на новата Astra со видео на YouTube.

Новото видео е дел од кампањата за социјалните мрежи која покажува како новата Astra созреа дизајнерски, благодарение на високото ниво на посветеност, вниманието на деталите и подготвеноста да се размислува “out of the box”. Илка Хоберман објаснува на што посветиле внимание дизајнерите на Opel и како ја обдариле новата генерација со уникатен дизајн, “made in Germany”.

Смела и елегантна: новата Astra ја реинтерпретира дизајнерската филозофија на Opel

Следејќи ги SUV возилата Mokka, Crossland и Grandland, новата Astra го има Opel визирот. Новото лице на брендот и централниот елемент на надворешниот дизајн го следат Opel Compass каде што вертикалните и хоризонталните оски – остриот набор на капакот на моторот и графиката во облик на крило на дневните светла – се вкрстуваат со симболизираната молња на Opel во средината. Визирот прави новата Astra да изгледа уште поширока, но и интегрира напредни технологии, како што се ултра тенките Intelli-Lux LED предни светла. Гледано од страна, новата генерација на Astra изгледа особено динамично благодарение на изразеното навалување на C-столбот напред.

New item by Automedia MK / Google Photos

Назад, Opel Compass се повторува со централно поставениот „Blitz“, вертикално високo поставените стоп светла и задните светла (LED за заштеда на енергија, како и сите светла на возилото). Знакот на Opel исто така служи како брава за задната врата.

„Германскиот дизајн за мене е едноставноста, елеганцијата и техничките елементи во комбинација“, вели Илка Хоберман. „Понекогаш е тешко да се задржи елеганцијата и потоа да се додаде смелост. Секогаш се работи за хармонија и правилен баланс“. Резултатот е успешна мешавина на јасен и емотивен стил што ја прави новата Astra да се издвои од толпата модели во компактна класа. Карактеристичниот изглед е комплетиран со новата металик боја. „Тимот разви супер-свежа и модерна жолта боја која додава одредена живост и смелост на автомобилот“, додава дизајнерката.

Кокпит на иднината, реализиран денес: Целосно дигитален Pure Panel

Вистинската рамнотежа за новата Astra беше особено важна за тимот за дизајн на бои и материјали, особено за внатрешноста. „Моравме да размислуваме надвор од комфор зоната за да ги најдеме најдобрите решенија за овие материјали. Имате навистина голема разновидност на различни бои, текстури, графики и дезени. Да ги собереме сите заедно, ова всушност е голем предизвик. Тоа е како голема загатка. Комбинирате различни возбудливи материјали за да постигнете убав контраст или баланс“, објаснува Илка Хоберман.

New item by Automedia MK / Google Photos

Резултатот од овој процес претставува скок напред во дизајнот на ентериерот и удобноста за брендот. Целосно дигиталниот кокпит комбинира два 10-инчни дисплеи со широк формат и странични отвори за воздух за возачот под хоризонтално испружената и, во зависност од верзијата, целосно застаклената површина. Аналогните дисплеи во новата Astra се дел од минатото. Тоа е целосно функционален, високотехнолошки дизајн кој комбинира стил со врвни технологии. Возачите и патниците во Astra гледаат во прецизната стаклена оптика на Pure Panel и можат интуитивно да управуваат со новиот интерфејс човек-машина – „визуелна детоксикација“.

New item by Automedia MK / Google Photos

Ултра модерниот кокпит е дизајниран да пренесе атмосфера во која патниците се чувствуваат сигурно. Акцентите како што се фино изработените контроли, сведени на минимум, и инфозабавните рамки и површини во мат алуминиум носат „голема вредност на Astra“, вели Илка Хоберман. „Тие можат да бидат само убави, можат да имаат функционален аспект и понекогаш можат да Ве насмеат“. Секој детаљ – од Opel Blitz во центарот на управувачот до материјалот и штеповите на ергономските седишта со одобрение од AGR (опционално достапни во Alcantara или Nappa кожа) – го носи уникатниот потпис на дизајнерите на Opel за боја и материјали.

На социјалните мрежи: Информации од „зад сцената“ за новата Astra

Видеото за Opel Astra на YouTube дава преглед „зад сцената“ во развојот на новата Astra. Шефот за дизајн на Opel, Марк Адамс, ги искажува личните впечатоци на својот инстаграм профил @opelvauxhalldesign.

>>> Тест: Opel Mokka е како враќање на Manta и Calibra во СУВ-ерата

opel mokka тест на потрошувачка аутомедиа
opel mokka тест на потрошувачка аутомедиа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki S-Cross во ново издание како знаменосец на марката

Toyota Corolla за 2022 година доби нов процесор за дисплејот