Во минатата година, како и во првите шест месеци од 2021, Škoda Karoq е најпродаван СУВ модел на чешката марка и втор најпродаван модел воопшто. На 30-ти ноември ќе биде претставено освеженото издание преку дигитална презентација.
Škoda Karoq има голем удел во успехот на чешката марка, откако стартуваше неговата продажба во пролетта 2017 година. Под закрила на „големиот брат“ Kodiaq, компактниот СУВ оттогаш убеди бројни купувачи, но убеди и признаени стручни магазини на пошироката европска сцена. Продукцијата надмина половина милион примероци.
Според Мартин Јан, директор за продажба и маркетинг на чешкиот производител, Karoq уште од почетокот ги привлекува клиентите „со неговата просторна кабина и со функционалноста што е својствена за Škoda.“
Karoq беше втор чекор во офанзивата од СУВ-модели на Škoda во 2017 година и со тоа постигна многу за офанзивата да биде успешна. Лани близу од 40% од испораката на возила Škoda во светски рамки биле СУВ-модели. Годинава, Karoq е најпродаван СУВ на марката и втор најпродаван модел воопшто, по Octavia.
Моделот моментно се нуди на 60 пазари ширум светот. Производството е во Чешка, во Словачка, како и во Русија. Името доаѓа од јазикот на Алуитите, пражители на Аљаска.
Магазинот Auto Bild во 2017 година му додели „Златен волан“ на моделот на Škoda, a влијателниот Auto Motor und Sport го награди за најдобар дизајн во класата, со титула Autonis. Третиот меѓународно познат германски магазин Auto Zeitung го прогласуваше Karoq за најдобар увозен СУВ до 25.000 евра во 2017, 2018 и 2019 година. Компактниот СУВ освои и титула на автомобил на годината во Чешка и во Грција, како и СУВ на годината во Бугарија.
















