Возила на GAZ победија на 4-та етапа на руското рели

Тимови со GAZelle Next освоија златен и сребрен метал во категоријата „Рейд Спорт“, како и бронза во категоријата T1. Теренските камиони GAZ Sadko Next исто така возеа победнички во категоријата T4 за камиони. По трката во Волгоград, GAZ Raid Sport е најдобро пласиран тим во првенството на Русија.

Рускaта GAZ Group го привлече вниманието на сцената со новата генерација на доставните возила GAZelle NN, што солидно им конкурира на Ford Transit, Renault Trafic & Co и се очекува да се вмеша во поширокиот европски пазар. Рускиот производител, познат меѓу другото и по историската Volga GAZ-24, мошне е активен на сите полиња, вклучувајќи го мотоспортот.

Тимовите на „ГАЗ Рейд Спорт“ победија на 4-та етапа на првенството во рели реид на Русија. Алексеј Игнатов и Евгениj Павлов извозеа за златен медал со GAZelle NEXT, a Алексеј Малцев и Александер Русанов со своето возење освоија сребрен медал во категоријата „Реид Спорт“, исто така со GAZelle NEXT. Во категоријата T1 следеше уште едно место на подиумот за тим на ГАЗ Реид Спорт. Евгениј Сукховенко и Кирил Чапајев освоија бронза во таа категорија.

Теренскиот камион Sadko Next им донесе прво место на Алексеј Клебов и Александер Филјакин, односно второ место на Микаил Шклијаев и Владимир Моисеев во категоријата T4 за камиони.

Трката во Волгоград по традиција се вбројува меѓу најтешките во руското првенство во рели реид. Во четирите натпреварувачки денови, возачите се бореа со теренските предизвици извозувајќи повеќе од 800 километри низ степи, но и по тешок песочен терен на масивот Аркедински-Донски. Релито вклучуваше и неколку брзински рути по планините. До целната линија пристигнаа само 22 од вкупно 34 тимови што стартуваа на релито.

Вјачеслав Суботин, спортски директор на тимот „ГАЗ Рейд Спорт“: Рели-реидот е интересен поради тоа што е многу тешко да се предвиди резулаттот. Четиридневната трка е големо оптоварување и важно е да се сочува автомобилот и силите да се распоредат правилно. Моторите од сериско производство JAMZ-534 и Cummins ISF 2.8 што се вградени во нашите тркачки автомобили, како и секогаш се покажаа совршени.“

Македонскиот увозник АБЦ Бротхер веќе ја нуди на нашиот пазар новата генерација на GAZelle NN, наследничка на GAZelle Next, со мотори TDI од Volkswagen.

>>> TDI за Gazelle: Руска газела со германско срце

 

Претходна објаваЧип – криза: Купувачите ќе почекаат, проблем е кога производителите треба да чекаат
Следна објаваСите модели на Jeep се достапни со хибриден погон во Аутомобиле СК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here