за

Сите модели на Jeep се достапни со хибриден погон во Аутомобиле СК

Ако на Jeep пишува 4xe, тогаш значи дека во возилото работи приклучен хибриден погон. Македонскиот увозник ги нуди сите модели на Jeep во изведба 4xe.

Комплетно новата електрифицирана гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep во Македонија. Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80-годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија. 

Промотивно новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

Новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако, 4xe се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната технологија Plug-in Hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени.

Но, фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина. 

„Електрично сините“ детали во дизајнот ја означуваат новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid 

Однадвор, новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid задржува многу од дизајнот на моделите со мотор со внатрешно согорување (ICE), но се издвојува благодарение на впечатливите „електрично сини“ детали во дизајнот, како знак за распознавање на моделите.

Jeep Wrangler 4xe Plug-in Hybrid – 100% незапирлив

Стандарден носител на новиот курс на Jeep може да биде само новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid, електрифицираната верзија на легендата на Jeep со најголема способност, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега. 

Однадвор се издвојува по надворешните детали во електрично сина боја. Новиот Wrangler 4xe е резултат на вешта рамнотежа помеѓу најнапредната технологија и најслободниот и воедно најавтентичен дух на марката. Всушност, целосно ги задоволува ентузијастите за возење по терени, а благодарение на електрификацијата што ја зголемува неговата способност во исто време е идеално решение за оние што сакаат своето SUV возило да го користат секој ден и не сакаат да прават компромис со избирање помеѓу слобода, забава или почит кон околината. 

New photo by Automedia MK / Google Photos

Резултатот е 100% незапирлив  Wrangler според традицијата на Jeep, но со невидена карактеристика: тој е и најеколошкиот и најквалификуваниот Wrangler за теренски авантури, на што се придодава целосно задоволство од возење на отворено што отсекогаш го издвојувало возењето на легендата на Јеер. И перформансите имаат апсолутно значење: забрзува од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Инаку, неговиот погон 4х4 во целосно електричен режим, со досега невидена контрола при ниски вртежи, располага со автономија за да помине 50 km (во градскиот циклус WLTP) и возење со нула емисија на штетни гасови. Ова е доволно за секојдневна употреба во градот. Времето за целосно полнење е помалку од 3 часа со можност за негово програмирање, а благодарение на функцијата за максимална регенерација Max Regen, батеријата се дополнува кога продолжувате да возите во лер.

Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е опремен со два електрични мотогенератори, пакет високонапонски батерии, high-tech 2.0 литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Покрај тоа, моменталната достапност на вртежен момент и најдобрите перформанси се загарантирани од комбинацијата на турбо-бензинскиот и електричниот мотор, што го прави Wrangler 4xe Plug-in Hybrid неприкосновен „крал на теренските патишта“ и незапирлив на патиштата. И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid може да патува со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни теренски  перформанси во целосна безбедност и задоволство да го слушате „звукот“ на природата.

Сето ова е обезбедено и надополнето со неспоредливата техничка опрема Trail Rated со која во зависност од нивото на опременост, вклучува два напредни системи за погон на четири тркала full time active on demand – Selec-Trac или Rock-Trac, со оските Dana next-generation, електричните блокирања на предниот и задниот Tru-Lock диференцијали, Trac-Lok диференцијалот со ограничено лизгање и електрично исклучување на предниот  стабилизатор. И да не зборуваме дека технологијата 4xe, покрај тоа што го прави одржливо и ефикасно теренско возило (со потрошувачка од околу 3,5 литри / 100 километри во хибриден режим и емисија на CO2 намалена за околу 70% во споредба со бензинската верзија во циклус WLTP), обезбедува лесно и исклучително забавно возачко доживување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Гамата на новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е изразена преку три нивоа на опременост – Sahara 4xe, Rubicon 4xe и, само за оваа година, ексклузивното славеничко издание “80° Anniversario” 4xe и специфични тракала од 17” и од 18”. Инаку, во линија со ставот за персонализација која отсекогаш го издвојувала Wrangler, има на расплагање десет бои на каросеријата. Сите решенија за хромирани детали во бројни конфигурации – soft top, hard top, power soft top и dual top – за неспоредливо возење под отворено небо, целосно во стилот на Wrangler.

Jeep Renegade и Jeep Compass 4xe, моќ и перформанси

Jeep Renegade 4xe Plug-in Hybrid, SUV возилото кое е „Made in Italy“, e појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој, преку електрификацијата на гамата, на лидерот му придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. Една година од лансирањето, Renegade 4xe го потврдува целосниот успех на моделот, co околу 6.000 новорегистрирани возила во Италија и водство во сегментот во 2021 година, co 4.000 продадени возила.

Без разлика дали станува збор за прагматична потреба за движење или желба да се соочиме со возбудливи дневни „авантури“, одговорот е во новиот Jeep Compass, точката на рамнотежа помеѓу перформансите и емоциите, рационалност во употребата и сонот за слобода и авантура. Секогаш под мотото „Оди каде и да е, прави што и да е“ затоа што, по 80 години, Јеер и понатаму е Јеер. Денес во Европа секој четврти продаден Compass е верзија 4xe, а во Италија Compass 4xe е најпродаваниот Plug-in хибриден модел.

И кај двата модела има спрега на 1.3-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор, кој се наоѓа зад задната оска, а се напојува од батерија од 11.4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови, со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, како и на јавна станица за полнење. Ефикасниот 1.3-литарски турбо мотор испорачува енергија од 130 КС или 180 КС, плус 60 КС произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 КС (верзија Limited) или 240 КС (Trailhawk и S). 

Оваа архитектура обезбедува две возила во едно: електрично возило со батерија со електричен мотор и високоволтажна литиум-јонска батерија на задната оска и конвенционално возило со мотор со внатрешно согорување сместен на предната оска.

Комбинацијата на моторот со внатрешно согорување и електричната единица гарантираат перформанси и максимално задоволство во возењето: забрзување од 0 до 100 km/h за околу 7.5 секунди, максимална брзина од 130 km/h во комплетно електричен режим и до 200 km/h во хибриден режим.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во смисла на вртежен момент, електричниот мотор произведува 250 Nm, додека моторот со внатрешно согорување испорачува 270 Nm. 

Возното искуство со Jeep Renegade и Compass 4xe може да се персонализира во зависност од специфичните потреби и типот на патување, како дневното движење низ градот, за што е идеално целосно електрично возење, или возбудливи авантури на екстремни патеки во контакт со природата во автентичен стил на Jeep.

Системот има три режими на работа – Hybrid, Electric и E-save. Посакуваниот режим може да се активира со употреба на прекинувач лоциран пред рачката од менувачот. Во сите режими за возење, системот за регенеративно сопирање ја обновува енергијата за време на фазите на пасивно возење (како што е забавување или лесно сопирање). Дополнително, Renegade 4xe вози во хибриден режим кога батеријата го достигнува минималното ниво на полнење без оглед на избраниот режим.

Моделите Renegade и Compass 4xe се на располагање со 3 нивоа на опременост Limited, S и Trailhawk, 2 нивоа на моќност –  190 или 240 КС.

(ТЕКСТ И МАТЕРИЈАЛИ ОД СООПШТЕНИЕТО ЗА ПЕЧАТ НА АУТОМОБИЛЕ СК)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возила на GAZ победија на 4-та етапа на руското рели

GTX е новиот GTI на Volkswagen, СУВ-купе со име ID.5, вози на струја