Компанијата во државна сопственост што разнесува пошта во Република Чешка, во 2013 година избра Peugeot да биде главен снабдувач на возниот парк, преку лизинг на возилата.
По првата нарачка од 400 доставни возила пред осум години, постојано следеа нови нарачки, секогаш од по неколку стотини примероци. Вкупно, за осум години, најважниот клиент на Peugeot во Република Чешка набавил повеќе од 4.000 возила, со што тој е најголем клиент на марката во целиот регион на Централна и Источна Европа.
Годинава, дистрибутерот на пошта и лизинг компаниите потпишаа нов договор за соработка со марката Peugeot. Исто како и досега, тоа е најголемата нарачка на возен парк во годината за увозникот на Peugeot во Чешка. Иако производството се соочува со големи потешкотии околу снабдувањето со чипови, Peugeot испорача 295 примероци од познатиот Boxer, коишто ќе се користат во разнесувањето пошта низ државата. Половина од возилата се набавени преку оперативен лизинг на ALD, додека останатата половина е под финансиски лизинг, преку компанијата ČSOB.
Peugeot учествува и во новиот поштенски тендер за доставни возила, со што е мошне извесно дека и во 2022 година ќе следи уште една голема испорака
Според Лукаш Хошек, директор за флит-продажба во чешкиот увозник на Peugeot, „продолжената долгорочна соработка со дистрибутерот на пошта е доказ за најдобриот сооднос меѓу цената и перформансите на пазарот, како и за квалитетот и достапноста на сервисната мрежа, како аспекти што ни овозможуваат да излеземе во пресет и на посебните барања на нашите клиенти со возен парк.“
Македонскиот увозник Еуроимпекс неодамна започна со испорака на електрични доставни возила. Boxer и останатите модели од понудата на доставни возила на Peugeot исто така се возила што редовно се среќаваат во логистичката бранша во Македонија
















