Анкета на Peugeot: Родителите сакаат децата да им возат електричен автомобил

Во истражувањето што Peugeot го спроведе во Велика Британија, најголемата група родители сака првиот автомобил на нивните деца да биде електричен, место со бензински или дизел мотор. Една третина од родителите цени дека е потешко да се вози електричен автомобил и да се живее со него во секојдневието.

Британскиот огранок на Peugeot покани група од деца на возраст меѓу 10 и 16 години на  пробна патека, за тие да се уверат колку е едноставно да се управува електричен автомобил и да се ракува со истиот во секојдневието.

На тоа претходеше анкета во којашто 40% од родителите одговориле дека ќе се радуваат првиот автомобил што ќе го поседуваат нивните деца да биде електричен, додека една четвртина од родителите признаваат дека децата редовно им вршат притисок, за автомобилот со бензински или дизел мотор да го заменат со електричен автомобил.

Резултатите од анкетата се надоврзуваат на општото „електрично“ расположение во Велика Британија, откако во септември беа новорегистрирани рекордни 32.000 возила со погон на струја

Јавноста е добро запознаена околу пониските трошоци за возење и придобивките за животната средина од електричните автомобили. Во истражувањето има и група од 28% од анкетираните лица што веруваат дека е потешко да се научи возењето електричен автомобил, во споредба со автомобил со обичен погон, како и дека возачкото секојдневие со електричен автомобил е повеќе комплицирано.

За да докаже колку е едноставно да се вози електричен автомобил, Peugeot организираше возачка обука за деца меѓу 10 и 16 години, под асистенција на професионални возачи. Децата научија колку е едноставно стартувањето на погонот, запирањето и паркирањето, штедливото возење и префрлувањето меѓу режимите на возење.

По обуката, децата се натпреваруваа со своите родители, во тоа кој ќе потроши помалку енергија по шест кругови на патеката, во вкупна должина од околу 5 километри. Се покажа дека обуката им помогнала на децата да заштедат двојно повеќе енергија од родителите.

За обуката се користеше Peugeot e-208, автомобил што на нашите читатели им е добро познат од нашата репортажа до мариовска Градешница.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Претходна објаваРели-шампионот Ожие ќе стартува за Toyota на 24 часа Леман
Следна објаваИндијанополис доживеа трка на болиди без возач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here