Индијанополис доживеа трка на болиди без возач

Технички Универзитет Минхен е победник на Indy Autonomous Challenge Powered by Cisco (IAC), прв натпревар со самостојно управувани тркачки автомобили на прочуената патека Индијанололис. Германците победија во конкуренција од 9 тимови од 21 универзитет и освоија еден милион долари.

Правилата на трката пропишуваа тимовите да се натпреваруваат за најбрз круг на Индијанополис, вклучувајќи и избегнување пречка на патеката. Победничкиот тим постигна просек од двата најбрзи кругови од 135,944 милји на час, односно околу 219 килиметри на час, на прочуената овална патека во САД.

Тимот од германскиот универзитет се подготвувал две години за овој потфат. Алекс Вишневски, капетан на тимот од Техничкиот Универзитет Минхен, најавува дека следен предизвик ќе биде меѓусебна брзинска трка меѓу два самостојно управувани болиди.

Трката во организација на Energy Systems Network и на Indianapolis Motor Speedway, има за цел да го унапреди воведувањето на возила што се движат без каква било потреба од возач, како и воведување напредни системи за автопилотирано возење. Тоа треба да доведе до повисока безбедност и до подоброи перформанси во мотоспортот. Истото важи и за примената на технологијата на автономно возење во јавниот превоз.

Тркачкиот болид, што како основа го користеа сите тимови во натпреварот е конструиран и изработен од специјалистот Dallara.

Покрај неколкуилјадната публика што присуствуваше на самиот настан, истиот беше следен од повеќе од 20.000 гледачи на преносот во живо.

Претходна објаваАнкета на Peugeot: Родителите сакаат децата да им возат електричен автомобил
Следна објаваСо електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here