Батерии од BMW i3 даваат струја за светската турнеја на Колдплеј

Светската турнеја „Music Of the Spheres“ на музичката група Колдплеј ќе користи струјно напојување од стари батерии од повеќе од 40 електрични автомобили BMW i3.

Соработката меѓу BMW и Колдплеј достигнува нови висини. По хитот „Higher Power”, во когошто е синхронизирана рекламната кампања за BMW i4 и iX, како и по настапот на британската група во виртуелниот свет на BMW JOYTOPIA на салонот за мобилност ИАА во Минхен, следи уште една сензација. 

За претстојната светска турнеја на Колдплеј, именувана „Music Of The Spheres“, BMW ќе обезбедува мобилни батерии за концерти и тоа ќе биде прв таков пример во светот. Батерии од повеќе од 40 електрични автомобили BMW i3 ќе обезбедуваат струја за концертите на Колдплеј. Тоа ќе биде една од најзелените турнеи во музичката историја. Во Минхен веруваат дека овој потег ќе послужи како поттик, за и останатите производители да ја применат идејата.

На настаните ќе се користат делумно рециклирани батерии од BMW i3. Нема потреба да се користат вообичаените дизелски или бензински генератори, што испуштаат голема количина на СО2 и останати штетни материи. Секако дека тоа е дополнително важно во средина кога на релативно малку простор има собрано многубројна публика.

Движењето и скокањето на публиката ќе произведува енергија од којашто делумно ќе се полнат батериите

За полнењето ќе се користат обновливи извори, вклучувајќи соларни панели, кинетички под за стадионите (произведува енергија при газење), а публиката за истата цел ќе вози и електрични велосипеди. Доколку се користат генератори, тие ќе работат на хидрирано растително масло.

Соработката датира од 2014 година, кога бендот на Крис Мартин, Џони Бакленд, Вил Чемпион и Гај Беримен ја изведуваше завршницата на „Ghost Stories Tour“ во Светот на BMW во Минхен пред 1.500 обожуватели.

https://www.youtube.com/watch?v=loYO_aNqYOI

>>> По развојот на BMW iX следи BWM M GmbH: Ван Мел се враќа како шеф на брзата марка

 

Претходна објаваMaybach во салонот на Мак Аутостар има 141 ставка опрема
Следна објаваBritish Petrol е трет акционер во мрежата од 300.000 полначи на BMW и Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here