Двата концерни со моќни премиум марки им обезбедуваат едноставен пристап до повеќе од 300.000 полначи на возачите на електрични автомобили, преку заедничката Digital Charging Solutions GmbH. Сега во компанијата се вклучува British Petrol, како трет акционер.
Новиот партнер British Petrol (bp) ќе им обезбеди пристап на корисниците на Digital Charging Solutions (DCS) до дополнителни 9.000 полначи ширум Европа, вклучувајќи и ултрабрзи полначи, со моќност од преку 150 kW. Како нов партнер што доаѓа од „контра-подрачјето“, од нафтената индустрија, bp до 2030 година ќе ја прошири својата мрежа од електрични полначи на повеќе од 70.000 станици.
Британскиот концерн учествува со 33,3 проценти во DCS, исто колку BMW и Daimler. Целта на нивното здружување е да се поттикнува развојот на електромобилноста. Двете мрежи што влегуваат во состав на DCS се CHARGE NOW и YOUR NOW, со услуги што се достапни под „Mercedes me Charge“, „BMW Charging“ и „MINI Charging“.
Во состав на DCS влегуваат уште Aral pulse во Германија и bp pulse во Велика Британија. Следен чекор е развој на технологија Plug & Charge, којашто ќе овозможи користење на полначите без примена на мобилна апликација или картичка за пристап. Овие услуги ќе бидат достапни во Германија веќе во следната година, на брзите полначи на Aral pulse.
Замислата е на возачите да им се понуди брза, квалитетна и едноставна услуга, на едно место, како за автомобилите со конвенционален, така и за автомобилите со електричен погон.
>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

















