Volvo започна со производство на уште еден електричен модел во Белгија

Кросоверот C40 Recharge е вториот модел на Volvo со погон чисто на струја и дел е од серијата нови модели што Швеѓаните ќе ги пуштат на пазарот во следните години.

По 2030 година, Volvo Cars планира да продава единствено автомобили што ќе користат чисто погон на струја. Тоа е една од најамбициозните стратегии за електрификација на понудата од модели во целата автомобилска индустрија. Volvo воедно планира до 2040 година да постигне целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2 од сите свои активности, вклучувајќи го и производството, транспортот, апсолутно секое подрачје.

Фабриката во Гент е меѓу најголемите производствени капацитети на Volvo и носител е на стратегијата за електрификација на шведската компанија. Во Белгија се произведува и XC40 Recharge, целосно електрична изведба од компактниот СУВ на Volvo и прв сериски модел на Швеѓаните со ваков вид на погон.

Производствениот капацитет во белгиската фабрика се зголемува постојано и моментно изнесува 135.000 електрични автомобили годишно. За следната година се очекува веќе половината од продукцијата во Гент да отпаѓа на возила со чисто електричен погон.

Volvo C40 Recharge е достапен преку онлајн-продажба во неколку избрани држави

C40 Recharge се издвојува и со можноста за купување целосно онлајн, на неколку избрани пазари ширум светот. Клиентите можат целата постапка околу конфигурирањето на возилото и плаќањето да ја завршат од удобството на својот дом или да го направат тоа во салонот на локалниот дилер.

Идните сопственици на Volvo C40 Recharge ќе можат да изберат и пакет „Care“, кој вклучува сервисирање, гаранција, помош на пат, осигурување и електричен полнач. Кросоверот со техниката на XC40 Recharge е воедно и прв модел на Volvo, во којшто не се вградува кожа.

Инфо-забавните системи се развиени заеднички со Google и се базираат врз оперативниот систем Android. Апликациите и услугите, како Google Assistant, Google Maps и Google Play се стандард. Новиот софтвер се вчитува ОТА (over the air), со неограничен обем на пренос на податоци.

Погонот се состои од по еден електромотор на предната и задната оска, кои се напојуваат со енергијата од батерија со капацитет од 78 kWh. При користење брз полнач, наполнетост од 80% се постигнува за само 40 минути. Досегот изнесува околу 420 километри.

Volvo C40 Recharge е шведскaта „Tesla“, ќе се продава само онлајн

Претходна објаваFord прв во Германија вработуваше турски гастарбајтери
Следна објаваВо кризата со горивата, Британците купуваат електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here