Примероците од специјалната серија што го означи почетокот на продажбата на новата генерација на Chevrolet Corvette во Европа веќе возат по патиштата. Американската икона ќе биде дел од редовната понуда на Chevrolet на најголемите европски пазари.
Тоа што останатите производители го сопштуваат на крај, кај Chevrolet се дознава прво. Новата генерација на Corvette на германскиот пазар чини 86.900 евра за купе изведбата, односно 93.400 евра за кабриолетот. Американците првпат во историјата ја нудат Corvette со волан од десната страна. Во Велика Британија, спортскиот модел на Chevrolet се продава по цена од 74.200 фунти, односно 79.200 фунти, соодветно за купе и кабриолет изведбата.
Corvette стана интересен и за возачите што очекуваат врвни возни својства од еден спортски автомобил, а не само врвни перформанси. Моторот сега е вграден средишно, пред задната оска. Тоа доведе и до промени во изгледот. Место бесконечно долга, и со причина долга хауба, спортскиот Chevrolеt сега има моќен опаш во когошто и вузиелно се концентрира целата моќ на автомобилот. Некој ќе коментира дека Corvette изгледа исто како Ferrari & Co.
Американците ветуваат квалитет на изработка на ниво на суперавтомобил, премиум материјали, нови стандарди за перформанси и технологија, плус многу внимание во деталите. Тоа се главните атрибути со коишто осмата генерација на Corvette ќе им се спротивставува на традиционалните големци на европскиот пазар.
Спортски пакет стандардно за европската верзија на Chevrolet Corvette
За разлика од американската верзија, примероците од Corvette што се продаваат на пазарот во Европа располагаат стандардно со пакет за перформанси Z 51. Во овој пакет спаѓаат сопирачки Brembo со поголем пречник и со канали за ладење во предниот браник, електронска блокада на диференцијалот, скусен преносен однос во задната оска, спортски издув, спојлери, дотерување на пружините во неколку степени и гуми Michelin Pilot Sport 4S.
Срцето на Corvette Stingray е нова генерација на 6,2-литарскиот LT2 Small Block V-8, што е единствен мотор без турбонатполнење во својата класа. Менувачот е автоматски со двојна спојка и осум степени на пренос. Моќноста изнесува 482 КС при 6.450/min и 613 њутнметри при 4.500 вртежи во минута. Тоа е најсилен Stingray во историјата. Спринтот од место до темпо сто трае 3,5 секунди, крајбата брзина изнесува 296 километри на час.
https://www.youtube.com/watch?v=9k8e0hso8Zo
Chevrolet Corvette Stingray во октомври стартува во Европа

















