Од денес на сите станици за точење гориво во Германија, на коишто се поставени повеќе од шест пумпи за точење, мора на возачките и возачите да им покажат таканаречена споредба на трошоците за енергијата.
Целта е на луѓето што во моментот точат бензин или дизел во својот автомобил, да им се покаже колку чинат останатите форми на енергија. Се споредуваат трошоците за гориво за 100 километри поминат пат. Поголемите станици со најмалку седум повеќекратни пумпи за точење мора да имаат поставено споредба на трошоци за бензин, дизел, струја, метан или водород, прикажано во евра.
Споредбата на трошоци важи за седумте видови на погон што се достапни моментно и за две различни големини на автомобил. Споредбата мора да биде видлива на најмалку половина од пумпите или во внатрешниот простор во станицата. Компаниите можат да избираат сами, дали ќе постават постери или ќе користат дигитална форма.
Постери ќе се најдат на само 1.500 од вкупно 14.500 станици за гориво во Германија, затоа што сите останати станици располагаат со помалку повеќекратни пумпи за точење. Прикажаните вредности на трошоците се пресметани како просек од потрошувачката на трите најпродавани модели на автомобили, за 100 километри пат.
Сојузното министерство за економија ќе ги пресметува податоците на секои три месеци и ќе објавува тековни шаблони за печатење за преземање од својот вебсајт.
>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

















