за

На светот ќе му недостигаат 11 милиони автомобили поради чип-кризата

Повеќе аналитичари се сложуваат во предвидувањата дека годинава ќе бидат произведени 11 милиони автомобили помалку, затоа што на браншата ѝ недостигаат полупроводници.

Прекините во производството во фабриките за автомобили ширум светот, поради недостигот од микрочипови и други електронски компоненти, оставаат сé поголеми последици.

Според Алберт Вас, експерт во компанијата за деловно советување Boston Consulting, „годинава не ќе може да се произведат десет до единаесет милиони возила“. Слично предвидува и познатата компанија PwC. Тие пресметале дека до крајот на годината ќе се произведат единаесет милиони автомобили помалку отколку лани, а тоа секако значи и дека исто толку возила нема да се продадат. „Проблемите се заострија во третиот квартал и тие ќе продолжат во поголемиот дел од следната година“, јавуваат од компанијата.

Од консултантската компанија Alix Partners неодамна излегоа со процена дека автомобилската бранша годинава ќе остане покуса за 210 милијарди американски долари (179 милијарди евра) поради недостигот од полупроводници. Во мај уште се ценеше дека браншата ќе претрпи кусок од 110 милијарди долари. Според Alix, прекините во производството во целата бранша ќе доведат до двојно намалување на бројот на произведени возила, отколку што се предвидуваше претходно. Новата прогноза е 7,7 милиони возила, наспроти мај, кога се ценеше дека годинава ќе бидат произведени 3,9 милиони автомобили помалку.

Американскиот гигант General Motors има големи проблеми со недостигот од чипови

Најголемиот американски производител на автомобили, General Motors, во последното тромесечје беше мошне силно погоден од тесното грло во испораката на чипови. Продажбата на GM на домашниот пазар се скуси за речиси една третина, на 447.000 возила. Наспроти тоа, Toyota дури успеа да ја зголеми продажбата и по првите девет месеци е во голема предност пред долгогодишниот пазарен лидер 

Јапонскиот примус во автомобилската бранша во последното тромесечје продал за 1,4 процент повеќе возила, односно вкупно 566.000 автомобили. По три квартали, Toyota води на пазарот во САД со 1,858 милион продаден автомобили, пред GM кој има продадено вкупно 1,777 милион автомобили до крајот на септември.

Проблемите се заострија откако затворија неколку големи фабрики за производство на полупроводници во Малезија, поради пандемијата. Ситуцијата во меѓувреме почна да се подобрува, но ќе мине уште долго време додека се врати динамиката од последната година со нормален тек, 2019 година.

На возачките и возачите им останува единствено да чекаат. Пазарот на користени автомобили веќе реагираше со зголемување на цените, а купувачите не се секогаш расположени да го прифатат тоа вештачко зголемување на вените. Автомобилите сепак се купуваат за подолго време да останат во служба, тоа секако дека не е чудо за еден ден.

>>> Чип-кризата прави чуда: Toyota во САД продава повеќе од General Motors

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda ја понесе титулата Companybest

Станици за гориво во Германија мора да покажат со кое гориво се штеди најмногу