Škoda е најдобра автомобилска компанија за 2020 година, според жирито на Autobest, најголемо жири од независни новинари од браншата во Европа. Доделувањето на наградите требаше да се случи во ноември лани, но беше одложено поради ковид. Свеченоста се одржа во Барцелона, од Македонија во жирито членува Крумислав Барзов.
Жирито на Autobest ѝ додели на Škoda титула ‚COMPANYBEST 2020‘. Новинари од 32 држави го поздравија силниот пробив на чешката марка на пазарите ширум светот, како и воведувањето нови концепти во производството. Покрај дигитализацијата во рамките на ‚dProduction‘ во фабриката во Квасини, на автомобилските експерти посебно им се допадна паралелното производство на модели врз различните платформи MQB и MEB на иста лента.
Наградата на свеченоста во Барселона на 30-ти септември ја презеде Томаш Котера, директор за комуникации во Škoda. Жирито составено од претставници од 32 држави во Европа искажа позитивни оцени и за привлечниот дизајн, за понудата од модели што се блиски до клиентите, како и за практичните идеи Simply Clever, што станаа уште еден заштитен знак на марката.
Тоа што придонесе најмногу за Škoda да ја освои престижната титула во конкуренција на производители е паралелното производство на модели со конвенционален и електричен погон на иста лента во фабриката во Млада Болеслав. Таму заедно се произведуваат и моделите OCTAVIA и KAROQ што се базираат врз платформата MQB, и електричниот Enyaq iV, што е констриран врз платформата за електрични возила MEB.
Посебен проект е ‚dProduction‘, кој овозможува чекорите во производството, документирањето и проверката на квалитетот да се вршат без примена на хартија. Škoda освои награда од Autobest и во 2019 година. Наградата Smartbest следеше за интеракцијата меѓу возачот и вештачката интелигенција преку дигиталната асистентка со име Лаура.
https://youtu.be/wadFCFI4JPg
>>> Тркачката Škoda Favorit постигнуваше брзини до 240 km/h

















