Во седиштето на марката Гудвуд имаат најмалку две причини за најгласно да го најавуваат својот прв електричен автомобил. Основачите Чарлс Ролс и Хенри Ројс работеле и поседувале електричен автомобил уште долго пред да ја основаат Rolls-Royce. Втората причина: Електричниот погон е совршен за најлуксузните автомобили.
Во сценографија што потсеќаше на видео-обраќање на светски моќник во филмовите од авантуристичкиот серијал за Џејмс Бонд, шефот Торстен Милер Отвоз попладнево го најави првиот електричен автомобил на Rolls-Royce. Денешниот момент за марката е најзначаен по 4-ти мај 1904 година, кога Чарлс Ројс и Хенри Ројс се здружиле со цел да го создадат најдобриот автомобил во светот.
Милер Отвоз не откри многу детали околу електричниот автомобил, но затоа конкретно го најави тоа што треба да се очекува во следниот период. Во скапо инсценирана виртуелна реалност беше прикажана само контурата на автомобилот. Шефот го откри и името. Електричниот модел на Rolls-Royce ќе го носи името Spectre. Од тоа што беше прикажано во скромен број кадри, може да се забележи масивно скултурирана каросерија, со висок и долг нос, со кабина што е повлечена наназад и покрив што во перфектна елеганција се спушта во опашот и уште толку ја издолжува силуетата.
Созревањето на електричниот Rolls-Royce Spectre ќе се одвива пред очите на јавноста
Исто како што беше претходно случај со првиот СУВ, со Cullinan, така и тестирањето и развивањето на електричниот Spectre ќе се одвива директно пред очите на јавноста и по јавни патишта. Директорот нагласи дека јавноста во следниот период често ќе ги среќава прототипите во своето секојдневие. Сепак треба да се извозат 2,5 милиони километри со сите прототипи што ќе бидат изработени до серискиот старт.
https://photos.app.goo.gl/cRkJ1bXaKmPyJLNx9
Rolls-Royce Spectre при тестирањето ќе се упати кон сите четири страни на светот, за да се обезбеди дека тој ќе функционира беспрекорно и на екстремен студ и на екстремна жега, и на дожд и на сонце, под снег и во песок.
Во текот на развојот паралелно ќе бидат поканети и клиентите на Rolls-Royce, да се запознаат со својствата и можностите на возилото, а секако дека и акционерите ќе сакаат да пуштат око како напредува развојот на првиот електричен автомобил на најлуксузната марка во светот.
Првите примероци ќе бидат испорачани во последниот квартал од 2023 година.
https://www.youtube.com/watch?v=MOa7TLdHK8c
https://photos.app.goo.gl/icDykq3m3DAHw2uj8
https://photos.app.goo.gl/4K1yQdUL8MryHM6c7
https://photos.app.goo.gl/Jmb6ZyFHQB97xPsX8
Повеќе за денешниуот настан можете да прочитате во најавата:
>>> Rolls-Royce најавува премиера на електричен модел в среда
















