BMW M3 првпат во комби-изведба Touring

Успехот на M3 низ годините го охрабруваше BMW постојано да изведува нови варијанти од моделот. Од првично лимузина со две врати, M3 се појавуваше како CSL, како класична лимузина со четири врати и кабриолет, како GTS. Единствено немало комби-изведба Touring. Тоа ќе се смени.

Мина повеќе од една година откако BMW ја објави фотографијата со којашто најави дека во гамата на M3 ќе се придружи нова каросериска изведба, Touring. Сцената нема да чека уште долго.

BMW објави фотографија од маскиран M3 Touring на својот профил на фејсбук, проследена со текстот „Paving new roads to excellence. Stay tuned for the BMW M3 Touring“. Тука сé е јасно. Очигледно дека тркачкото комби во меѓувреме ја има поминато и хомологацијата, затоа што BMW наведува и податоци за потрошувачката.

Моторот ќе биде ист со лимузинската изведба M3 и со купе и кабриолет изведбите M4. Трилитарецот со шест цилиндри во линија ќе располага со 480 КС во стандардната и 510 КС во изведбата Competition. Минхен ја одушеви сцената откако го остави шестстепениот мануелен менувач како стандард во изведбата со 510 КС. Во гамата се нуди и погон на сите тркала.

https://photos.app.goo.gl/aVw6YWiiDotBe4wAA

Не е првпат BMW да се занимава со идејата за Touring-модел од M3. Уште во 2000-та година беше изработен концепт M3 Touring врз база на вечната генерација E46. За разлика од Минхен, Audi создаде вистински култ околу својот RS4 Avant, а исто и Mercedes редовно ги нуди AMG-изведбите на C-Class во изведба T-Modell. Поинаку е кај M5, што во две генераци (Е34 и Е60/61) беше достапен и како Touring.

>>> BMW M3 првпат ќе се нуди во комби изведба Touring

BMW M3 првпат ќе се нуди во комби изведбата Touring

 

Претходна објаваРобот на Kia се движи како пес и ја надгледува фабриката
Следна објаваБританија остана без гориво, нема кој да го достави

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here