за

Робот на Kia се движи како пес и ја надгледува фабриката

Во домашната фабриката на Kia во Кванмен кружи необично „суштество“. Четириножен робот со име Спот се грижи за безбедноста во погоните.

Необичната „појава“ во фабриката на Kia во Кванмен е производ на познатите Boston Dynamics. Станува збор за т.н. квадрипед со вештачка интелигенција, кој им помага на вработените да ги надгледуваат индустриските подрачја. Спот се движи самостојно, со можност за далечинско насочување.

Робот е задолжен за надгледување на процесите на производство во една од фабриките на Kia во Јужна Кореја. Необичното е во тоа што движењето на роботот е инспирирано од најдобриот конструктор на сите времиња, од природата: Роботот, чијшто вид на конструкција стручно се води како квадрипед, се движи како пес, како животно. Станува збор за пилот проект, што потоа би почнал да се применува во работното секојдневие.

Технологијата доаѓа од Boston Dynamics, и покрај хардверот, вклучува вештачка интелигенција, телеоперативност, како и сопствена процесорска единица. Роботот е изработен во лабораторијата за роботика на концернот на Kia и Hyundai со цел да се применува во најразлични индустриски подрачја.

Главна задача на Спот е да препознава опасост и да се грижи за безбедноста на луѓето во нивната работна средина. Во тоа помагаат интегрираната термална камера и 3D лидарот. Спот ги детектира луѓето околу себе, ги надгледува процесите со високи температури и места во коишто постои опасност да избувне пожар. Квадрипедот „снима“ и дали некоја врата е отворена или затворена.

За далечинска контрола се користи посебна вебстраница, на којашто се прикажуваат сите движења на роботот во фабриката. Персоналот на тој начин добива преглед што точно се случува во одредени подрачја. Преку истата вебстраница се јавува и аларм. Спот се движи и во тесен простор, а воедно ги надгледува зоните што се сокриени од поглед. Kia и Hyundai во почетокот од годинава обезбедија мнозински пакет акции во Boston Dynamics. Технологијата ќе се користи и за автопилотираните возила на групацијата.

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Серија од само 800 примероци од VW T-Roc „Edition Blue“

BMW M3 првпат во комби-изведба Touring