Примероците од ексклузивната серија „Edition Blue“ се препознаваат по мат сината боја и каросериските додатоци во контрастна црна боја. Серијата од 800 примероци од Volkswagen T-Roc Cabriolet R-Line „Edition Blue“ ќе се дистрибуира само на германскиот пазар.
Каросерија лакирана во мат равена сина боја, црни елементи заради контраст и врвна опременост во нивото R-Line се главните одлики на серијата од 800 примероци од Volkswagen T-Roc Cabriolet R-Line „Edition Blue“. Покрај тоа, цената на ексклузивниот модел е подостапна отколку одделно да се нарачуваат ставките што тука се вградени стандардно.
Главната дизајнерка за бои Нина Фер де Оливеира открива дека замислата за лимитираната серија била да се оствари необичен концепт на бои: „Мат проѕирниот лак, што го заменува вообичаениот лак со висок сјај кај равена синиот основен лак, дава различен, силен карактер во надворешната боја. Црните каросериски додатоци и деловите во ентериерот создаваат привлечни контрасти“. Ова е првиот модел што Volkswagen фабрички го испорачува со мат лак.
https://photos.app.goo.gl/LRbmmGCUEJAUuudr8
Опременоста во спортското ниво R-Line е збогатена со дизајнерскиот пакет „Black Style“, кој содржи црни тркала со дизајн „Grange Hill“ од 18 инчи, како и куќишта на ретровизорите, украсни лајсни во маската и по праговите и стилизиран издув во црна боја. На тоа следат уште црни рачки на вратите и црн заден спојлер. Во внатрешноста се забележуваат бројни детали во сјајна црна боја.
Ексклузивен модел и ексклузивна серија прават и ексклузивна цена за Volkswagen T-Roc Cabriolet R-Line Edition Blue
Може да се избира меѓу две изведби, Edition по цена од 42.565 евра во Германија и Edition Plus што чини 47.490 евра. При одделна нарачка на ставките што се веќе дел од специјалната серија, T-Roc со опремата и посебностите на оваа изведба би чинел 1.350 односно 2.350 евра повеќе.
Edition Blue се произведува во само една погонска варијанта, со 1.5 TSI со 150 КС, 7-степен менувач со двојна спојка и погон напред.
https://photos.app.goo.gl/T7nmsG8u1SQdyfve7
















