за

Британија остана без гориво, нема кој да го достави

Две од секои три независни станици за гориво во Велика Британија не можат да ги услужат возачите. Земјата е во нафтена криза, лекарите не можат да дојдат на работа.

Продолжува да се влошува ситуацијата околу недостигот од гориво на британските станици за точење гориво. Проблемот погодува околу две третини од вкупно 5.500 локации колку што опфаќа здружението на независни станици за гориво. Наскоро и останатите станици ќе пресушат.

Проблемот со недостигот од гориво на станиците во Велика Британија може да доведе до тоа, вработените повеќе да не бидат во состојба да допатуваат до своето работно место. Реагираат и од лекарското здружение EveryDoctor во коешто членуваат околу 1.700 медицински лица: „Лекарите и останатите вработени во здравството не можат да се грижат за пациентите, ако не пристигнат на работното место.“

Британците веќе со денови прават набавки во паника и чекаат во долги редици. Недостигаат возачи на товарни возила. Проблемот прво се одрази врз снабдувањето на супермаркетите, кои останаа со празни полици. Поради пандемијата, обуките и полагањето за возачка дозвола за товарно возило беа одложени. Посебен проблем е тоа што поради Брегзит, од земјата си заминаа околу 20.000 стручни лица, главно од Источна Европа. Од друга страна, новите и построги правила за доселување спречуваат прилив на нова работна сила.

Владата меѓу другото ќе додели работна виза за 5.000 возачи на товарни возила од странство, за проблемите да се надминат. Здруженијата реагираат дека владините мерки се недоволни. Премиерот Борис Џонсон долго време одбиваше да направи отстапки од правилата за добивање виза, затоа што една од целите на Брегзит беше да се стави крај за релативно слободниот влез на странци во земјата.

Дополнително ќе се овозможат десетици илјади полагања за возачка дозвола за товарно возило годишно. Воедно ќе се подобрат и условите за работа. Како што објави „The Times“, во одреден рок ќе се ангажира и војската, со своите возачи. До нивното ангажирање сепак ќе биде потребна една седмица.

>>> Дизелите се продаваат помалку од електричните во Британија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M3 првпат во комби-изведба Touring

Овие нови автомобили пристигаат во 2020 година

Со акциите на Polestar-Volvo ќе се тргува на њујоршката берза